Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Излеани реки, поплавени патишта, ниви, куќи во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Излеани реки, поплавени патишта, ниви, куќи во Македонија

ПОПЛАВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Како што информираат од Центарот за управување со кризи(ЦУК), реката Вардар се излеа во Општина Јегуновце. 

ЦУК известува дека пртседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви, поплавени се и куќи од селото. 

Во Регионалниот ЦУК Кочани е добиено известување од Водостопанство „Брегалница“ од Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови дошло до зголемување на дотокот во брана „Калиманци“. 

ЦУК информира дека е добиено предупредување од Водостопанство за мостот во село Пчиња, којшто имал слаба конструкција, а зголеменото ниво вода од Крива Река ќе дојде до река Пчиња за околу два часа и ќе има зголемен притисок на мостот. 

АВТОБУС ОД МАКЕДОНИЈА СПРЕЧЕН ДА ПОМИНЕ ПО МОСТОТ КОЈ СЕ УРНА ВО СРБИЈА

Македонски автобус во последен момент е запрен пред да се урне мостот на Морава во Србија. За 20 минути можеле да завршат трагично. 

Сообраќајната полиција спречила автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај одлуката да се запре сообраќајот преку тој мост, се обиде да  премине на другата страна, објавија српските медиуми.

„Не се знае што ги навело Македонците до тој пат, можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, но доколку автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост во моментот кога неговите столбови биле силно еродиран од поројот – тоа би било огромна трагедија“, пишуваат српските медиуми.

ИМА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КУПУВАЊЕ НА КЛИНИКАТА ЖАН МИТРЕВ

Од Клиниката Жан Митрев за Фактор велат дека има заинтересирани за купување на удел. 

Долги години за оваа клиника се заинтересирани странски компании. Потврдија дека преговорите се во тек, но засега нема ништо конкретно. 

„Преговори има последните неколку години со голем број заинтересирани страни. Кога ќе има и ако има конкретен договор со некој од нив први ќе бидеме да ја информираме јавноста“, велат од Жан Митрев за Фактор. 

ПЕТ ГОДИНИ ОД ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Пет години потоа, сведочиме искрено македонско-грчко пријателство, вели екс премиерот Зоран Заев за потпишувањето на Преспанскиот договор, 

Вели дека Договорот од Преспа ни донесе и надеж, и горчина, и стремеж, и сомнеж. 

„Но, најважно од сѐ, ни донесе стабилност, сигурност, јасна перспектива и сила за подобро утре. Пет години потоа, сведочиме искрено македонско-грчко пријателство. Пет години, Северна Македонија и Грција градат заедништво од темел.

НА КОСОВО НИКАКО ДА СЕ СМИРИ СОСТОЈБАТА

Уапсен е косовски Србин. Косовската полиција денеска го уапсила Далибор Спасиќ, медицински техничар од Косовска Митровица, додека се враќал од централна Србија со својата малолетна ќерка и сопругата.

Канцеларијата за Косово и Метохија веднаш стапила во контакт со семејството и на уапсениот Далибор му обезбедиле адвокат.

Полицијата на Косово  потврди дека во близина на полициската станица во Северна Митровица експлодирале две шок бомби.

фото Фејсбук/Митко Јанчев

Слично

Поврзани вести