Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Изгоре Универзалната сала, приведени се три лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Изгоре Универзалната сала, приведени се три лица

ИЗГОРЕ УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА

Тројца градежни работници кои работеле на објектот на Универзална сала во моментите пред избувнувањето на пожарот се приведени од страна на полициските екипи. 

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за вработени кои изведувале градежни работи на објектот. 

- Во врска со пожарот, во ПС ОН Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53). Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во соопштението на МВР.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ ЈА ПРЕЗЕНТИРААТ ПРОГРАМАТА

Формулацијата 20 oтсто за албанскиот јазик не треба да се менува, вели претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова. 

Таа во емисијата Аргумент плус изјави дека во Рамковниот договор не случајно стои 20 отсто и тие не се однесуваат само на албанскиот јазик.

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вели дека би сакала да се види како народен претседател, претседател на сите граѓани. 

Рече дека некој мора да има храброст да каже дека овој Устав што го имаме е крпен, долепен, со најголем број на уставни амандмани, во толку кус период. 

ТЕЛОТО НА ДАНКА УШТЕ НЕ Е НАЈДЕНО

Драгиша Ремовиќ, поранешен инспектор на Одделот за крв и сексуални деликти на белградската полиција кој во интервју за порталот „Нова.рс“ објасни колку ќе трае потрагата по телото на малата Данка  Илиќ(2) која исчезна на 26 март и за која потоа се уапсени двајца мажи кои признаа дека ја убиле. 

Тој објаснува што ќе се случи доколку телото не се најде, односно дали претресот ќе биде прекинат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во екот на најголемата криза за храна и поскапувањето на бројни хранливи продукти, меѓу кои и основните како млекото, млечните производи, лебот и житните продукти, но и раст на цените на месото, неминовно се наметнува прашањето се грижи ли некој за домашното прозивдстов на млеко и за драстичното намалување на бројот на добиток во земајва.

Царинската управа во петокот објави повик за ангажирање на консултант за набавки за поддршка на проектот за реконструирање и отворање на граничниот премин Струмјани – Берово (Клепало) помеѓу Бугарија и Македонија, како прв чекор во обидот да се заживее изолираниот малешевски крај, инаку со голем туристички потенцијал.

Многу македонски граѓани кои се вработени, работат и хонорарна, дополнителна работа со флексибилно работно време, која ќе им донесе заработка плус.

Ако врвот на македонскиот бизнис е дефинитивно сконцентриран меѓу котираните и најтргуваните компании на Берзата, тогаш месечниот берзански билтен е еден навистина интересен извор на информации за тоа кој е и каде во моментов во својата деловна активност, успешност и перспективи.

Акционерите ќе одлучат дали ќе го одобрат предлогот за покривање на загубата за ланското работење во износ од 3,09 милиони евра. Банката ги има парите во задржана добивка од претходен период.


Слично

Поврзани вести