Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ивановска даде исказ, кривичната е од лице за кое е спорно што ДКСК објавила во јавност дека има предмет против него

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ивановска даде исказ, кривичната е од лице за кое е спорно што ДКСК објавила во јавност дека има предмет против него

ПОРАНЕШНАТА АНТИКОРУПЦИОНЕРКА БИЛЈАНА ИВАНОВСКА ДАДЕ ИСКАЗ

Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска денеска беше на распит во Обвинителството, по што кажа дека не сака да верува во политички притисок,  и дека предизборието е тест за демократијата. 

Пријавата, како што изјави по излегувањето од Обвинителството, е поврзана со предмет што бил отворен во времето кога таа ја предводеше Антикорупциската комисија. Подносителот ја обвинува Ивановска за несовесно работење, односно за начинот на кој предметот бил презентиран пред јавноста.

„Во конкретниот случај беше оформен предмет по сопствена иницијатива од член на комисијата, предметот се обработуваше и заврши без никакви сомнежи. Спорно за пријавувачот било тоа како комунициравме со јавноста. Вие знаете дека како ДКСК бевме премногу транспарентни, можеби и повеќе од очекуваното, но тоа е прашање на пристап“, изјави Ивановска.

АКТИВЕН Е ПОЖАРОТ ВО ЈАСЕН

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов во утринската изјава информира дека се уште е активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен.

-За жал пожарот во ловиштето Јасен се уште не е изгаснат. Еден крак е се уште активен. Дождот што заврна во многу мала количина не го изгасна огнот. Овде дејствуваме со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување бидејќи можам да забележам една жешка точка и горе високо над сртот, и од спротивната страна две жешки точки со чадење, изјави Ангелов.

УКРАИНА И РУСИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА НАПРАВАТ ОТСТАПКИ

За да се постигне мировен договор, и двете страни, односно и Русија и Украина треба да направат отстапки, но и да очекуваат нешто да добијат, што е многу тешко да се постигне, изјави државниот секретар на САД, Марко Рубио во интервју за „Фејс д нејшн“ на Си-Би-Ес.

Рубио потенцира дека меѓу двете страни има големи разлики за крупните прашања и во моментов ниту Русија, ниту Украина не се подготвени да попуштат.

Тој смета дека концентрацијата треба да биде на работите кои биле дискутирани на Самитот во Алјаска, меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп, а кои се потенцијал за пробиви, за напредок.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Многу млади луѓе во земјава сакаат да се иселат во странство, а тоа подразбира дека психички, но и со знаења и вештини треба да се подготват за тој предизвик. Кариерата треба да се планира и да имаат точна претстава каде и што би сакале да работат.

Реконструкции и доградби на улици, проектна документација за улици и патишта, дури и тартан подлога – Ова се тендерите кои се распишани за само еден ден, а ќе траат до септември, месецот кога официјално ќе започне кампањата за локалните избори кои веќе се распишани.

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести