ФАКТОР НА ДЕНОТ: Историчарите и овој пат немаат напредок, Бучковски најави менување на учебници
МАКЕДОНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ НЕМААТ НАПРЕДОК
Нема напредок во разговорите меѓу македонските и бугарсјите историчари.
Претседателот на бугарскиот тим во заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија, Ангел Димитров, денеска на брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, изјави дека дводневниот онлајн состанок заврши без резултати.
Тој, како што јави МИА од Софија, информира дека членовите на Комисијата на средбата успеале да го усогласат записникот од 12. состанок, што се одржа на почетокот на 2021 година, во што, според него, има симболика.
На денешната, како што вели Димитров, неплодна средба, историчарите зборувале за цар Самуил, посочувајќи дека се уште „се заглавени“ во 10. и 11. век. Димитров додаде дека стравува дека работата на Комисијата ќе биде тешка и во текот на следната година.БУЧКОВСКИ НАЈАВИ МЕНУВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ
Специјалниот претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија , Владо Бучковски, во интервју за софиски „Дневник“, вели дека со Бугарија имаме заедничка, а не споделена историја.
Бучковски најавува дека во Македонија ќе се сменат учебниците по историја, по географија, па дури и по литература, само за да се добие датум за преговори со ЕУ.
Тој вели дека македонската страна сака преговорите да ги заврши за еден месец. Бучковски говореше и за говорот на омраза.ДЕНЕС ИМА 361 ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и Велес – по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод – по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.ПОМАЛКУ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ СЕ ПРИЈАВЕНИ ЗА ГЛАСАЊЕ
Централната изборна комисија, задолжена за спроведување на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, коишто ќе се одржат в недела, на 12 декември, информира дека согласно Правилникот за постапката и роковникот активно се регистрирани 51.228 членови на СДСМ а пријави се пристигнати и по истекување на предвидените рокови.
Партиската комисија донесе одлука да им се овозможи на сите членови кои поседуваат електронска членска картичка да може да се регистрираат на самото гласачко место и да гласаат на вонредните внатрепартиските избори.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
