ФАКТОР НА ДЕНОТ: Инспекторка за случајот „Пулс“ кажа дека утврдила нова фирма, но не направила нова контрола
ИНСПЕКТОРКА СВЕДОЧЕШЕ ЗА „ПУЛС“
На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина.
Сведокот пред судот појасни дека нејзиниот годишен план за инспекциски надзор за 2022 година го опфаќал кафе-барот „Класик“, при што дознала дека постои и подружница кабаре „Пулс“. При извршениот редовен надзор таа констатирала дека првичниот правен субјект веќе не постои.
- Правниот субјект „Класик ДМ“ ДОО, на кој е одобрен елаборатот, не работеше, беше нефункционален, односно затворен - посочи сведокот.МИЦКОСКИ ОБЈАСНИ КАКО ЌЕ СЕ ДОВРШУВА ПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се одвива според предвидената динамика, а за завршување на автопатот Кичево–Охрид е обезбедено финансирање од домашни банки.
„Формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и тие практично ќе го дозавршат финансирањето. Тоа ќе биде последно и со тоа конечно таа делница ќе биде функционална“, изјави Мицкоски при посетата на Струга.БУГАРСКИ ЕВРОПРАТЕНИК СЕ ЗАКАНИ СО ВЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА
Секоја промена во европскиот консензус ќе ѝ даде право на Бугарија да стави вето на членството на Северна Македонија во Европската Унија, изјави во интервју за БГНЕС европратеникот Илија Лазаров (ГЕРБ-СДС/ЕНП), коментирајќи ги обидите за ревидирање на европските услови за Македонија.
Според него, известувачот во Европскиот парламент, Томас Вајц, дејствува во близок контакт со раководството во Северна Македонија.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Хидротек ДООЕЛ Скопје, фирма со управител Мартин Блажовски, го доби новиот договор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје за одржување на фонтани, со рамка до 35,4 милиони денари со ДДВ, односно над 500.000 евра.