ФАКТОР НА ДЕНОТ: Инспектори давале информации за контроли – обвинителството даде детали за новата акција поврзана со „Пулс“
ОЈО ЌЕ ГОНИ УШТЕ 11 ЛИЦА
Вкупно 11 лица се во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб „Пулс”.
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”.
„За тројца од нив донесена е Наредба за спроведување истрага. Станува збор за двајца даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, кои ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот.ЌЕ ИМА ОТВОРЕНИ ЛИНИИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОРУПЦИЈА
Ќе има отворени линии на кои граѓаните ќе може со загарантирана дискреција да пријавуваат корупција. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, како проект на Владата и Министерството за внатрешни работи.
ЗА СЕЛА НЕМА МЕСТО ВО ВЛАДАТА
Владејачкото мнозинство нема намера да го вклучи Зијадин Села во своите редови. Ова го потврди премиерот Христијан Мицкоски, кој вели дека во моментов немa планови за влез на крилото на Села од Алијансата за Албанците, наведувајќи дека владејачката коалиција располага со „историски стабилно, дури и двотретинско мнозинство“.
ССМ ЈА ОБЈАВИ ВРЕДНОСТА НА МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ЗА НОЕМВРИ
Просечно семејство во ноември трошело над 65.000 денари за основни трошоци.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
