ФАКТОР НА ДЕНОТ: Инспекции во „Жан Митрев“, министерот Сали најави детали за в среда
ИСТРАЖУВАЧКАТА СТОРИЈА НА ИРЛ ДЕНЕСКА Е ТОП ТЕМА
Истражувањето на новинарите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) покажува дека приватната болница која прими најмногу пациенти за време на ковид-19 пандемијата и во која лекувањето чинеше десетици илјади евра, го применувала методот хемофилтрација (филтрирање на крвта) кој практично бил клиничка студија. Наспроти домашните законодавство, клиничките студии не биле пријавени и одобрени од МАЛМЕД.
Во научните трудови објавени врз основа на клиничките студии во „Жан Митрев“, пишува и дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето. Тоа го тврдат и дел од роднините на починати пациенти во болницата. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ ниту еднаш не пријавила појава на интрахоспитални инфекции иако по закон треба да го извести државниот орган.ИНСПЕКЦИИ ВО БОЛНИЦАТА „ЖАН МИТРЕВ“
Министерот за здравство Беким Сали денеска на прес конференција изјави дека побарал вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница „Жан Митрев“.
Преземени се серија мерки.
„Испративме допис до ДСЗИ веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во болницата. Побарав информации од инспекторатот дали во последните три годии се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите. Агенцијата за лекови Малмед иницираше вонреден и надзор во однос на тоа дали е почитувана или не е почитувана потстапката за клиничко испитување на хемофилтрација како метод на лекување на ковид-19. Според првичните информации не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во клиниката и овој наод ќе го добиеме уште во текот на утрешниот ден.МНР ГО ОБЈАВИ ПРОТОКОЛОТ
Фамозниот протокол веќе не е тајна. Министерството за надворешни работи го објави документот кој вчера во Софија го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска.
Ова е целосниот текст од Протоколот:
Во согласност со Договорот од 2017 и заедничкиот интерес за зацврстување на добрососедските и партнерски односи, двете држави се ангажираат да работат за исполнување на следните мерки:Професорката Мирјана Најчевска, откако детално го прочитала Протоколот, вели дека е тој е срамен и понижувачки, а детална анализа, како што нагласува ќе даде кога ќе и престане аритмијата предизвикана од неговата содржина.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Илјадници ненаселени станови има во градовите низ Македонија.
