ФАКТОР НА ДЕНОТ: Инцидент на седница на Советот на Општина Кочани, советник со шише удри службеничка
ИНЦИДЕНТ НА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Полицијата соопшти дека денеска околу 13 часот во Полициската станица Кочани, советникот во Општинскиот совет, В.А. од Кочани, пријавил дека за време на одржувањето на седница на Советот, го нападнал колегата советник А.А., по претходно недоразбирање.
Според пријавата, А.А. се обидел физички да го нападне В.А. и употребил тврд предмет, но други присутни го спречиле. А.А. фрлил и шише со вода, при што во лице погодил вработена во општинската администрација. Повредената е пренесена во здравствена установа за укажување медицинска помош.ЕДНА ПАЦИЕНТКА ПОВРЕДЕНА ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ УШТЕ Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА
Петмина повредени во пожарот во Кочани се уште се лекуваат во странство, а петмина се во Скопје. Нивната состојба останува непорменета.
-Една пациентка е сè уште во тешка состојба. Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот, информираше попладнево на прес-конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Рече дека поканиле лекари-експерти од Израел, оттаму нема полетувања зарадиактуелната војна.СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција на која го пртстави ребалансот на буџетот за 2025 како одговор на новинарско прашање рече дека се реалоцираат дополнителни околу 10 милиони евра за повисоки плати за полицијата.
- Проекцијата за плати во јавната администрација покажќува дека ќе требаат за 800 милиони денари повеќе за плати, од кои 600 милиони за плати во Министерството за внатрешни работи. Таму вработеноста е најголема и има 12.000 вработени на кои платата им е зголемена за 10 отсто, речеДимитриеска-Кочоска.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
