Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има реакции за дрското однесување на новинарот во Тетово кон Весна Јаневска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има реакции за дрското однесување на новинарот во Тетово кон Весна Јаневска

ИМА РЕАКЦИИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА НОВИНАРОТ ВО ТЕТОВО КОН ВЕСНА ЈАНЕВСКА

Бурни реакции на социјалните мрежи по вчерашното скандалозно однесување на новинар од Тетово. Неговиот пристап кон министерката за образование, Весна Јаневска, поттикна лавина реакции во јавноста, но особено меѓу новинарската фела. 

Дел од колегите му забележуваат поради обраќањето кон министерката, но и за прашањето: „Си зема преведувач министерке?“. 

Откако таа одговори „Не“, новинарот возврати: „ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да си земеш преведувач“. 

Поради ваквиот пристап, следуваа низа остри реакции од новинари и јавни личности, кои го осудија однесувањето. 

Премиерот Христијан Мицкоски одби подетално да ја коментира ситуацијата од вчерашната посета во Тетово, кога на министерката за образование и наука Весна Јаневска ѝ беше поставено прашање за преведувач. 

 Мицкоски истакна дека не сака да дава значење на, како што рече, вакви ситуации, оценувајќи дека некои постапки не заслужуваат јавен коментар. 

МИЛАНОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ИМА ЖИВОТ И БЕЗ ЕУ

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, престојува во официјална посета на Хрватска, каде на Пантовчак се сретна со претседателот Зоран Милановиќ.

На заедничката средба, Милановиќ се осврна на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон Европската унија, оценувајќи дека пред земјата се поставуваат премногу услови и барања. Тој нагласи дека Македонија самостојно треба да одлучи по кој пат ќе се движи.

„Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере. Претпоставувам дека тоа е патот на благосостојба, мир и спокој на граѓаните. ЕУ и НАТО се надградба, но куќата се гради одвнатре. Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен“, изјави Милановиќ.

МАКЕДОНИЈА Е ВТОРА НАЈЗАГАДЕНА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА

Македонија е втората најзагадена земја во Европа.

Ај-кју-ер во 2025 година ја рангираше на 34-то место во светот. Тетово и Струмица се најзагадени.

Македонија е рангира зад Босна и Херцеговина(БиХ) која е на 27-то место, а пред Србија која е 38-ма, со просечен коефициент од 21,2, што значи надминување на безбедните вредности за три до пет пати.

Само 14 отсто од градовите глобално го исполнуваат упатството на СЗО за ПМ 2,5. Земји што ги исполнуваат овие стандарди се: Француска Полинезија, Порторико, Американските Девствени Острови, Барбадос, Нова Каледонија, Исланд, Бермуди, Реунион, Андора, Австралија, Гренада, Панама и Естонија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во однос на пешачењето, во Европа има повеќе нации на кои Македонците можат да им завидат. И досега во јавноста имало укажувања дека македонските граѓани треба повеќе да бидат физички активни и со тоа да го подобрат своето здравје.

Кит-Го преку регистрирана промена на називот на фирмата, изминатите денови официјално го доби името на интернационалниот синџир на супермаркети Spar.

Дали сме сведоци на геостратешки пресврт и промена на традиционалното сојузништво меѓу САД и Европа.

Слично

Поврзани вести