ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има реакции откако обвинителката Ленче Ристоска си поднесе оставка
ИМА РЕАКЦИИ ОТКАКО РИСТОСКА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Нарекувајќи ја десна рака на Катица Јанева, ексшефицата на згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО), од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Ленче Ристоска доцна сфатила оти во државата доаѓа правдата.
„Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше чанта ‘луј витон’ и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе ѝ дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон кого било“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СЛЕДНИОТ ПОПИС ЌЕ БИДЕ ЕЛЕКТРОНСКИ
Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, вели дека следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе околу 2030 година.
– Државниот завод за статистика како сериозна институција започна со подготовки за следниот попис на население и започна со активности за воспоставување статистички систем базиран на регистри. Нашата цел е следниот попис на население да биде спроведен електронски, односно со користење на административни извори – рече Станков.
За таа цел, посочи Станков, започнати се активности за воспоставување статистички регистри на население каде што заедно со институциите кои се носители на административните збирки на податоци се работи на испитување на квалитетот на податоците.СО НЕИСПРАВНИ СОПИРАЧКИ ВОЗЕЛ 85 ДЕЦА ВО АВТОБУС
Полицијата во Скопје запре автобус кој возел 85 деца, а утврдено е дека имал неисправни сопирачки и скршено ветробранско стакло.
Полицијата утрово запрела автобус полн со деца на булеварот Борис Трајковски во Скопје, откако е утврдено дека возилото е преполно и технички неисправно.
Контролата ја извршила мобилната единица на Министерство за внатрешни работи во 07:45 часот. Во автобусот, кој вршел организиран превоз на деца, се затекнати 85 патници, иако според дозволата максимално смееле да се превезуваат 48. Тоа значи дека имало 37 деца повеќе од дозволеното.ВРАБОТЕН ВО УЧИЛИШТЕ Е ОСОМНИЧЕН ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.
Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во образовна установа, од април 2024 година до 1 април 2026 година на домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto printskrin
