Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има бурни реакции откако Артан Груби заврши во домашен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има бурни реакции откако Артан Груби заврши во домашен притвор

ИМА БУРНИ РЕАКЦИИ ЗА ДОМАШНИОТ ПРИТВОР НА АРТАН ГРУБИ

Министерот за правда, Игор Филков на денешната прес-конференција побара Судскиот совет и Советот на јавни обвинители итно да свикаат седници и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор за Артан Груби кој доби куќен притвор откако беше уапсен на граничниот премин по нешто повеќе од една година во бегство. 

Министерот Филков, потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори.

Невиден преседан е определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, вели претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Откако ДПМНЕ Артан Груби глатко го пушти во бегство, 14 месеци недостапност завршија со куќен притвор. Лице кое повеќе од една година било недостапно за органите на прогонот, што претставува најсилен можен доказ за ризик од бегство, добива поблага мерка. Во правна држава, ваква околност води кон засилување на притворот, кај нас, води кон негово олеснување.

ЕДЕН ТОН МАРИХУАНА Е ЗАПЛЕНЕТ ВО ЈОСИФОВО

Еден тон марихуана e запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата.

Еден тон марихуана е запленет во складиште на фирмата „Грин лајф“ во валандовското село Јосифово, една од шесте компании на кои им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, потврдија за МИА од МВР.

„По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Валандово, денеска извршија претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во село Јосифово“, велат од МВР.

НА ШЕСТ ФИРМИ ЗА КАНАБИС ИМ Е ОДЗЕМЕНА ЛИЦЕНЦАТА

Објавена е листата на фирмите за кои е предложено одземање на лиценците од страна на комисијата при Министерството за здравство.

Одземени се лиценците на скопската фирма Алфафарм Груп чии двајца косопственици се осомниочени за шверцот на марихуана од Македонија во Србија. Одземена е лиценцата и на ГринЛајф, чиј сопственик е во бегство и е осомничен во Србија за организација на шверцот и складот со 5 тони марихуана кај Крушевац. 

ПРЕДЛОГОТ ЗА 600 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА НЕ ПОМИНА ВО СОБРАНИЕТО

Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не помина на собраниската Комисија за економски прашања, велат од СДСМ.

За законот како што додаваат, дебатираа само пратениците од опозицијата. 

„Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата. Има пари за луксузирање на власта, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонските граѓани многу помалку јадат сладолед за разлика од луѓето во европските земји. Дека Македонците не се големи љубители на сладолед покажуваат статистиките.

Една од најпознатите локални фабрики за одгледување цвет од канабис за медицински цели „Охрид Органикс“ бил преземен од британската компанија „Кинг Филд“ во изминатиот период, но не биле исплатени купопродажните обврски кон претходниот сопственик.

Артан Груби мирно и пресметано се „пријави“ на границата со Македонија, на Блаце, добро „подготвен“ со шал и капа за спроведувањето и апсењето од полицијата. Со „шеретска“ насмевка го помина и остатокот од процедурите на истражните органи и органите на прогонот. 

Слично

Поврзани вести