Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Илјадници граѓани излегоа на протест барајќи правда за Фросина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Илјадници граѓани излегоа на протест барајќи правда за Фросина

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ БАРАЈЌИ ПРАВДА ЗА ФРОСИНА

Tаткото нa загинатата Фросина од Неготино, Тодор Кулаков вечерва од пред македонското Собрание изјави дека судии, обвинители, проценители и извршители направија друштво за надавање како аукциски куќи „Кој ќе плати повеќе мито, тој добива“.

Кулаков во изјава за медиумите рече дека само јавноста може да донесе правда за смртта на неговата ќерка.

РАЗБИЕНА Е МРЕЖА КОЈА ФАЛСИФИКУВАЛА ПАРИ

Заедничка акција на Македонија и Србија разби криминална мрежа и се запленети над 500.000 евра.

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази.

ВО КУТИЈА СО КОЛАЧИ ВАСИЛ ГО ДОБИЛ ТЕЛЕФОНОТ

Спакуван во кутија од колачи, мобилниот телефон стигнал до Васил Јованов, возачот кој ја усмрти 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино. 

Додека шетал во дворот, притвореник од Гевгелија побарал пари за да ја прати кутијата со колачи во соседната ќелија, а внатре да стави и мобилен, со кој Јованов се јавувал кај неговите родители и девојката. 

ШЕКЕРИНСКА ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА ИМА КАКВА БИЛО ВРСКА, ПОЗНАНСТВО ИЛИ ПРИЈАТЕЛСТВО СО ЈОВАНОВ

За прегазувањето на Фросина Кулакова од Неготино кое се случи деновиве, со реакција се јави и заменик - генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска. 

Таа на Фејсбук објави реакција откако неколку дена кружат информации според кои се тврди дека интервенирала за пуштање на возачот Васил Јованов, осомничен за прегазувањето на 22-годишната Фросина Кулакова, додека Обвинителството го истражувало за дрога.

„Најдиректно сакам да ги демантирам сите такви наводи – тие се целосна, безобразна и исконструирана лага за која не постои никаква основа. Одговорно тврдам дека со ниту едно од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети. 

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести