Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Идната недела треба да стигнат кинеските вакцини, денес има 373 заразени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Идната недела треба да стигнат кинеските вакцини, денес има 373 заразени

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТРЕБА ДА СТИГНАТ КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ

Премиерот Зоран Заев најави дека кинеските вакцини земјава ги очекува до крајот на следната недела. 

„Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на следната недела, денеска е веќе прв работен ден после кинеска нова година. Нашата амбасада и кинеската амбасада тука, заедно со компаниите што помагаат со Синофарм, мислам дека веќе ги прават последните чекор. Знаете дека парите се платени од страна на државата. Сето тоа ги потврди следните чекори, околу транспортот, пакувањето, осигурувањето, гаранциите кои треба да се обезбедат, и верувам дека се ќе тече во следните денови и ќе имаме сериозен идентитет за да ги одржиме датумите до крајот на месецот, односно до крајот на следната седмица“, рече премиерот Заев.

Како што е познато земјава очекува 200.000 кинески вакцини.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 373 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово - по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.

Регистрирани се 309 оздравени пациенти од:

Скопје – 114, Охрид – 40, Кавадарци – 20, Куманово – 18, Струга – 16, Велес – 14, Тетово и Прилеп – по 12, Кичево и Неготино – по 8, Битола – 7, Демир Капија – 5, Штип, Струмица и Кочани – по 4, Гевгелија, Берово и Крушево – по 3, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Виница и Македонски Брод – по 2, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г).

РЕАКЦИИ ЗА МЕНУВАЊЕТО НА ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ

Мухамед Али Јашари - името на овој херој е на листата на имиња на улици, плоштади мостови која ја објави Град Скопје а со која ќе биде дополнет постоечкиот регистар на имиња. Али Јашари загина на 8 април 2011 година бранејќи го неговиот другар Македонец при тепачка во нивното училиште.

Градоначалникот на македонската престолнина, Петре Шилегов, повторно предизвика силни реакции со одлуката за преименување на улиците во градот., коментира бугарската медиумска агенција БГНЕС, која бара да се променат називите кои го носат името на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито.

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА МАТУРАТА

Изнајдено е заеднички прифатливо решение помеѓу средношколците и владата. Информацијата на заедничка прес конференција ја соопштија премиерот Зоран Заев и лидерот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи. Како што кажа Ходаи, со владата меѓу другото е договорено да има два екстерни испита, а третиот е симнат на ниво на интерен испит.

„Со тоа ниту еден матурант не би имал проблем со упис на факултет тука или во странство и повторно би го имал потребниот број предмети кои му се бараат за упис“, рече Ходаи, додавајќи дека со владата е договорено и скратување на испитните програми.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Златарниците во Македонија се соочуваат со огромен пад на работата затоа што поради пандемијата на коронавирусот се забранети свадби и семејни прослави.

Најмалку 153 лица беа повредени во силниот земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, кој викендов ја погоди областа на јапонската префектура Фукушима и областа на Токио. 

По вчерашниот официјален старт на вакцинацијата во Македонија со здравствените работници кои работат директно со ковид-пациенти, денеска се очекува да се одржи работниот состанок меѓу Министерството за здравство и Здружението на новинарите на Македонија. Како што претходно за Фактор изјави претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, на средбата треба да се утврди динамиката за вакцинација и на новинарите и медиумските работници кои од прилика се вкупно околу 3.000 луѓе.

Феноменот Курти повторно се покажа како една од најдинамичните политички сили на Балканот. Движењето „Самоопределување“ убедливо победи на последните избори во Косово, со јасни сигнали и за опозициските движења на Албанците во Македонија и Албанија.

Најголемиот работодавач во Македонија, Кромберг и Шуберт, добил најголема помош од државата во 2020. Според податоците што ги дава алатката „отворени финансии“ станува збор за вкупна сума од 997,7 милиони денари.

Им честита на матурантите што седнаа на заедничка маса со политичарите и дебатираа за прашањата кои се важни за нивната иднина, а едно од нив е полагањето на државната матура. 

Со над 1,4 милијарди евра располагале приватните пензиски друштва на крајот на минатата година. Трите друштва кои управуваат со пензиски фондови во задолжителниот втор пензиски столб и доброволниот, трет пензиски столб во годината која ќе биде запаметена по историската пандемија и значајната економска криза успеале да го подобрат резултатот – да ги зголемат приносите и вредноста на парите кои ги чуваат во име на осигурениците.

Слично

Поврзани вести