Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Иако Груби спомена предлог од Франција, Бугарија останува со зацементирани позиции

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Иако Груби спомена предлог од Франција, Бугарија останува со зацементирани позиции

БУГАРИЈА НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ВЕТОТО


Бугарија нема да ја промени позицијата кон Македонија. 

Ставот го потврди привремениот премиер Стефан Јанев во одговор на прашање од пратеник од „Има таков народ“ во Народното собрание. 

Јанев посочи дека вчера на состанокот на Советот на министри донеле став кој следната недела во Брисел ќе биде претставен пред Советот за општи работи. Вели дека бугарската позиција е позната, јавна, со т.н пет плус една точка.

„Ова е шемата по која може да продолжат разговорите и се надеваме на добронамерниот однос на нашите колеги од Северна Македонија за да се постигне овој неопходен дијалог, да се надминат разликите за да се одреди датум за првата конференција и, соодветно, да отпочнат преговорите на оваа земја со ЕУ“, додаде тој.

Претходно, агенцијата БГНЕС објави дека од Париз нема предлог за надминување на спорот. 

АВАКС АВИОНИТЕ ОД НАТО СЛЕТАА НА АЕРОДОРМОТ ВО СКОПЈЕ

Со официјалниот почеток на НАТО „air policing“ мисијата во нашата земја, македонското небо и официјално стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање. 

Во рамки на настанот, вклучен е НАТО авион од типот Авакс Е-3А, задолжен за командување и контрола, ловци на грчкото воено воздухопловство од типот Ф-16 и владиниот авион Лирџет.

ДЕНЕС ИМА 168 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 110, Кавадарци и Кочани – по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид – по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1.

СЕ ОЧЕКУВА КОНЕЧНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОСКАПУВАЊЕТО  НА СТРУЈАТА

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, во емисијата „Утрински брифинг“ откри дека Електродистрибуција повикот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во 2022  добил исклучиво неповолни понуди од 300 евра за мегаватчас.

- Електродистрибуција веќе распиша еден тендер за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во дистрибутивната мрежа и резултатите се исклучително лоши. Понудената цена е некаде околу 300 евра по мегаватчлас, што е некаде за пет и пол пати повисока, рече Бислимовски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Многу истражувања последниве години говорат за тоа дека Македонците се еден од најнесреќните народи на светот.

Владата донесе одлука за одложување на постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за гасификација на земјата за една година. Рокот од 24 месеци, воспоставен пред две години, сега е 36. Тоа значи дека гасификацијата во населените места требаше да започне во наредниот период, но сега на рокот му се додава уште една година.

Над 180 илјади транскациски сметки кои ги поседуваат физички лица односно граѓани се блокирани, покажува статистиката на Народната банка. 

Црвени линии во кредитирањето, затоа што не е се во профитот. Анализата на Фактор покажа дека малку банки во земјава имаат ограничувања во поглед на одобрувањето кредити, ако станува збор за финансирање проекти чиј ефект врз животната средина е дискутабилен.

Слично

Поврзани вести