Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години

ВЛАСТА СМИРУВА ДЕКА НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ

Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции во јавноста. Од Сојузот на синдикати на Македонија го оценија ваквиот предлог како сериозно загрижувачки и наместо тоа побараа сериозни политики за зголемување на вработувањето на младите и мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос според меѓународните трудови стандарди. Од Владата, пак, велат дека во овој момент не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање и дека се прават напори за стабилизирање на состојбата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

- Ќе ги разгледаме сите состојби како да имаме еден стабилен систем. Во овој момент она што го направивме е усогласување со покачувањето на пензиите од 5000 денари. Имаме активна методологија, имаме закон по којшто се работи. Како што гледаме како да ги стабилизираме сите состојби, така остануваме посветени и на состојбата во Фондот, изјави вчера портпаролката на Владата, Марија Митева.
Oд партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, излегоа со став за препораката на Фискалниот совет дека старосната граница за пензионирање треба  да се зголеми на 67 години и за мажи и за жени. 


АДВОКАТ Е ОСОМНИЧЕН ДЕКА ПОДМЕТНАЛ ПОЖАР ВО АДВОКАТСКАТА КОМОРА

Адвокат со одземена лиценца е осомничен дека ги потпалил просториите на Адвокатската комора. 

МВР распиша меѓународна потерница по 41-годишниот адвокат Александар Ристески од Скопје, кој е осомничен дека на 25 ноември со умисла се обидел да ги запали просториите на Адвокатската комора, подметнувајќи пожар на скалите во зградата во која е сместена Комората.


НАСТАВНИЧКА ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА НАСТАНОТ ВО ЧЕЛОПЕК

Одговорност за приредбата во Челопек каде деца настапуваа со униформи со ознака УЧК и пластични пушки ќе понесе една од наставничките. 

Како што соопшти министерката за образование, Весна Јаневска за приредбата во Основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек, каде ученици беа облечени во униформи на Ослободителната народна армија (ОНА) односно УЧК и со пушки во рацете, одговорност ќе понесе една од наставничките.

„Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата“, изјави денеска Јаневска.


ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со „историското“ покачување на платите во здравството, како што беше наречено, Владата истакна дека ова е чекор кон подобрување на условите за работа и задржување на медицинскиот кадар во земјата. 


Сума од близу 60 илјади евра платил извесен инвеститор за да купи количина од 42 акции на компанијата „Макпетрол“, преку блок трансакција која вчера беше објавена преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 


Сопствениците и членовите на органите на управување на „Реплек“ купуваат акции од компанијата со која раководат, а оттаму акции продолжува да продава еден од некогаш најдоминантните акционери, компанијата „Настел“ на бизнисменоит Зоран Азманов. 


„Бехтел и Енка“, конзорциумот кој ќе ги гради четирите автопатски делници во рамки на проектот Коридор 8 и Коридор 10Д, ги доби првите 20 милиони евра од новата власт, односно првите пари од државниот буџет воопшто за оваа година.Граѓаните се разочарани од фактот дека македонската минимална и просечна плата се најниски на просторот на поранешна Југославија. 

Петнаесет нови „Шкоди“ ќе ја засилат флотата на МВР. Станува збор за девет „Октавии“ и уште шест „Скали“ со автоматски менувачи со седум брзини. Сите возат на бензин, а просечна цена по автомобил со вклучен ДДВ е 29.800 евра


Ги искоментиравме профитите на домашните банки во првите девет месеци од годинава, откако тие беа јавно објавени преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, што се однесува на банките кои се котирани акционерски друштва и кои редовно и транспарентно ги објавуваат своите финансиски извештаи. 

Слично

Поврзани вести