Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И третата група македонски државјани се врати дома од Блискиот Исток

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И третата група македонски државјани се врати дома од Блискиот Исток

УШТЕ ЕДНА ГРУПА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ВРАТИЈА ОД БЛИСКИОТ ИСТОК

Успешно заврши уште една етапа од сложената операција за извлекување на нашите граѓани од воените жаришта. Третата група македонски државјани, која денеска беше евакуирана преку Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), безбедно пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје.

Од Министерството за надворешни работи (МНР) потврдија дека логистичката рута преку ОАЕ се покажала како најсигурна во услови кога комерцијалниот сообраќај на Блискиот Исток е речиси целосно во прекин поради ескалацијата на конфликтот. Семејствата кои со денови беа заглавени во критичните зони, сега се на сигурно во своите домови.

ШИЛЕГОВ МУ ОДГОВОРИ НА ФИЛИПЧЕ

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека во согласност со партискиот статут, исклучувањето на член го врши општинската организација на која тој припаѓа и го повика претседателот на партијата, Венко Филипче, доколку сака да спроведе таква иницијатива, да дојде во организацијата во Карпош за да разговара со членството.

„Ќе ја искористам можноста, ако сакаат да спроведат таква иницијатива, да дојдам во општина Карпош, ќе разговараме со членството таму, ќе се обидам да имаме сериозна дискусија, и за моето исклучување и за неговото отстранување. Што се однесува до тоа што завршија, тој заврши кај Петре Шилегов, нема да го дозволам ова. Сè што сум направил во мојот живот професионално, но уште повеќе политички, она што сум го направил за СДСМ и она што сè уште го правам, нема да дозволам да биде оцрнето од човек кој е избран за претседател без статут“, рече Шилегов.

Филипче тврди дека Шилегов одбработува за ВМРО-ДПМНЕ. 

ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ТРЕБАЛО ДА РЕАГИРА ЗАТОА ШТО ВО „ПУЛС“ ИМАЛО МАЛОЛЕТНИЦИ

Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок - технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување. 

На прашања на Обвинителството, Милевска-Стефановска појасни дека Министерството за внатрешни работи (МВР) издава дозвола за вршење дејност врз основа на строго утврдени законски критериуми. Физичкото обезбедување, појасни, опфаќа телесна заштита, мониторинг, патролно обезбедување, како и обезбедување јавни собири и спортски настани.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата објави јавен оглас за именување директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, орган во состав на Министерството за локална самоуправа. Избраниот кандидат ќе раководи со институцијата во мандат од четири години.

Во некои македонски градови има развиен туризам, но во другите тоа не е случај и тука останува дилемата, што со младите луѓе кои имаат желба да бидат водичи, дали треба да го следат својот сон или да се откажат.

Непосредните последици од војната во Иран веќе се чувствуваат со поскапувањето на енергенсите, но долгорочните последици од овој конфликт на Блискиот Исток може да предизвикаат нови дестабилизации. 

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести