Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денеска празни рафтови, леб нема, а инспекторите изрекоа казни

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денеска празни рафтови, леб нема, а инспекторите изрекоа казни

КАЗНИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ЛЕБ

„Паднаа“ и казни за цената на лебот. Државниот пазарен инспекторат и вечерва прави контрола во правните субјекти. Александра Котели од ДПИ во изјава за медиумите изјави дека досега се казнети 4 правни лица. Казната е во висина од 300.000 денари. Имало 234 контроли во цела Македонија. Над 30 контроли имало во секој град. 

Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари до 31 мај, со цел да им помогне на граѓаните, но тоа доведе до застој на производството. 

Во некои градови, како што е Штип, леб има, но пекарите допрва ќе пресметуваат дали се во загуба. Цената е 30 и 33 денари. 

ВОДАТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОСКАПИ

Со нашата одлука минималната тарифа за вода за Скопје предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е минимално намалување, додека максималната тарифа изнесува 34,82 денари и повисока за девет проценти од постоечката цена. Ова го соопшти Марко Беслимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетиката на денешната пресконференција. 

Тој истакна дека иако во текот на минатата недела имале недоразбирања со Водовод Скопје, истите се надминати. 

- Постоечката цена за вода во главниот град изнесува 32,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е минимално намалување, што се должи на фактот дека помошта која ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и следниот период. Додека максималната тарифа изнесува 34,82 денари, повисока за девет проценти од постоечката - укажува Бислимовски.

НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА

Руските власти објавија дека украинска диверзантска група во регионот Брјанск зазела две погранични села Љубечан и Сушани. Официјален Киев тврди дека се работи за руска провокација и обид на Москва да ги исплаши своите граѓани.

На социјалните мрежи се појавија две видеа од војници кои тврдат дека се на руска територија и кои имаат за цел, како што велат, да ја ослободат Русија од рускиот претседател Владимир Путин.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Масовно вработување се спрема во Македонски шуми. Ќе се примаат сечачи, редачи, утоварачи, истоварачи и шумски работници, и тоа е огромна бројка на нови вработувања.

Се враќаат приливите од македонските гастербајтери. Податоците од Народна банка покажуваат дека минатата година приливот на средства од странство повторно пораснал, и притоа ги надминал нивото пред пандемијата, односно нивото на приливи во 2019 гдоина.

Градежниот гигант „Гранит“ лани остварил помал профит за близу една четвртина во споредба со претходната година, или има намалување за 26 проценти. Компанијата преку берзата до инвеститорската јавност ги објави финансиските извештаи за минатата година, а билансот на успех говори дека во 2022 година ова акционерско друштво остварило нето добивка од 2,16 милиони евра, наспроти 2,9 милиони евра профит кој компанијата го прикажала во 2021 година.

Очекувањата на акционерите од кои најголем број се вработени или пензионери на „Макпетрол“ се дека добивката е увертира за пристојан дивиденда. За тоа каква компанија е „Макпетрол“ доволно говори фактот што континуирано дели дивиденда на своите акционери, а лани подели рекорден износ од 6,6 милиони евра.

Деновиве топ тема е цената на лебот. Владата ја замрзна на 33 денари, пекарите вчера не донесоа тазе леб во маркетите, а многу граѓани на социјалните мрежи пишуваат дека и самите можат да си месат леб.

Секојдневните бројни дојави за бомби во училиштата, и во средните и во основните, речиси целосно ја парализираат државата во сите сегменти. Се јавуваат низа проблеми за кои решението не е ниту на повидок. Старите главоболки на родителите се враќаат, но како што велат во разговорот за Фактор, разликата е огромна од периодот кога наставата се одвиваше онлај за време на пандемијата на корона вирусот и сега.

Слично

Поврзани вести