Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денеска имаше тензии во Собранието, а Милошоски го пријави Азири во полиција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денеска имаше тензии во Собранието, а Милошоски го пријави Азири во полиција

ВО СОБРАНИЕТО И ДЕНЕСКА ИМАШЕ ТЕНЗИИ

На денешната седница на Комисијата за европски прашања имаше тензии. Координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, реагираше затоа што потпретседателката Арта Биљали-Зендели кажа дека дневниот ред е усвоен, а тие тврдат дека не се гласало за него. Според Мицевски, целта на пратениците од СДСМ и ДУИ е да донесат измени на законот за продолжување на мандатите на судиите обвинителите.

„Не може да сметате дека расправата почнала вчера бидејќи вчера имавме расправа за утврдување на дневниот ред, кој уште не е отворен. По утврдување на тоа, по отворање на точката, што сакате сега да го направите, Деловникот вика дека расправа по закон трае два дена. Закон за кој ние имаме 380 амандмани. До мене дојде еден документ, кој сега ќе го прочитам, а медиумите добро да внимаваат и да видат дали се тоа зборовите што ќе ги каже претседателката на Комисијата: „Нема да се води претрес по амандманите бидејќи, според Деловникот, истече рокот од најмногу два дена за водење претрес по амандманите“. Потпретседателката, по глумење функционирање и работа на оваа Комисија, планира ова да го прочита. Денеска, до крајот на денот, законот ќе се обидат да го донесат, а е селективен за судиите и обвинителите“, рече Мицевски.

Пратениците треба да расправаат за 380 амандмани. Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ застана пред бирото на Биљали-Зендели, а по неа дојдоа и другите пратеници од опозицијата.

MИЛОШОСКИ ГО ПРИЈАВИ АЗИРИ ВО ПОЛИЦИЈА

Во моментов, пратеникот Антонио Милошоски се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде пред надлежен началник го пријавува  функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура, за синоќа искажаните закани за физичко насилство кон Милошоски. 

Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.

Денеска постот го нема на фејсбук на профилот на Азири.

Ова е по вчерашниот инцидент во Собранието, кога претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми кон опозицијата фрлаше предмети, а Азири порача: „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање до премиерот Димитар Ковачевски за итно разрешување на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, кој повика на насилство врз пратеникот Антонио Милошоски. 

АДЕМИ ВЕЛИ ДЕКА МИЛОШОСКИ ПРОВОЦИРАЛ

Пратеникот Арбер Адеми денеска изрази жалење по вчерашниот инцидент во Собранието, каде како претседателот на Комисијата за европски прашања, фрлаше предмети по пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците додека тие му вршеа притисок на говорницата.

Целата вина за инцидентот ја насочи кон Антонијо Милошоски и опозициските пратеници. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Енергетската криза но и можноста за добра заработка „го принуди“ Собранието на акционери на битолска Квасара да се задолжи со 3 милиони евра кај комерцијалните банки за изградба на фотоволтаични централи и создавање на услови за инсталирање на парни турбини за производство на електрична енергија.

Искусен собирач на печурки може дневно да заработи и до 120 евра. Ова го потврдуваат од компаниите кои се занимаваат со откуп на печурки.

Кога ќе се видат официјални бројки за тоа колку платиле Германија, Полска, Холандија, Франција, другите членки и Велика Британија за увоз на нафта и гас од Русија секој ќе си го постави прашањето: Дали ЕУ ја финансира  руската воена агресија врз Украина??? 

Бројот на децата во градинките е преполовен, не само поради фактот што многумина од граѓаните веќе ги користат летните одмори, туку пред се поради заболување на најмладата популација од стомачни вируси. 

Слично

Поврзани вести