Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денеска имаше лажни дојави за бомби, а во Битола допатува Илијана Јотова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денеска имаше лажни дојави за бомби, а во Битола допатува Илијана Јотова

ПОВТОРНО ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

И денеска повторно имало дојави за бомби во четири средни училишта  во Скопје. 

Учениците се евакуирани, а екипи на полицијата утврдија дека дојавите се лажни. Минатата недела три дена по ред, како и оваа работна недела имаше дојави за бомби. Приведен беше Никола Николовски, за кого потоа Обвинителството соопшти дека меѓу него и дојавите за бомби нема поврзаност. 

ЈОТОВА Е ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова вели дека почнале процес за приклучување на Република Северна Македонија во ЕУ, таму каде според неа е местото на нашата земја. 

Јотова утре ќе ги посети бугарските воени гробишта во битолското село Цапари.

„Мојата посета е поврзана за утрешниот ден, големиот верски празник Задушница. Од 1924 година во Бугарија тоа е ден на кој се оддава почит за сите загинати бугарски војници во разни војни и со цел да нема војни во иднина. Утре јас ќе ги посетам бугарските воени гробишта во селото Цапари“, потврди  Јотова.

БИТОЛСКИ АКТЕР ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА ПОРАДИ ФЕЈСБУК СТАТУС

Поради статус објавен на социјалната мрежа Фејсбук, вчера на распит во полиција го повикале битолскиот актер Васко Мавровски. 

Тој објаснува дека статусот се однесувал на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Синоќа во 21:30 часот од страна на двајца полициски службеници бев повикан под итно да ја напуштам пробата во НУ Народен театар Битола за да ми биде врачен некаков документ. Иако за нас актерите пробата е свет чин бев приморан да го напуштам објектот. 

БУГАРСКОТО МНР ИЗЛЕЗЕ СО СТАВ ЗА ИМИЊАТА НА КЛУБОВИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

Официјална Софија упати загриженост по изгласувањето на законските измени во македонското Собрание за фондации и здруженија. 

Министерството за надворешни работи на Бугарија реагира дека овие измени го попречуваат ефективното спроведување на Договорот за добрососедство.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако почна руската инвазија на Украина, бројот на македонски граѓани кои изразиле желба за патување во Русија е многу мал, за разлика од претходните години.

Во услови на зголемени трошоци на работа и инфлација од цените на енергенсите „Тиквеш“ дополнително вложувајќи во маркетинг и продажба ги зголеми приходите за 45 отсто до износ од 30 милиони евра. Нето добивката до крај на септември надмина еден милион евра, што е резултат за почит во овие неизвесни услови за работење

По 58 евра од мегаватчас најверојатно ќе ја купува АД ЕСМ топлинската енергија од гасната централа ТЕ-ТО АД Скопје, откако државните електрани пред два дена беа задолжени да склучат договор со постројката за затоплување на парното на скопјани.

Во периодот што следи „Тетекс“ ќе инкасира 3,4 милиони евра од продажба на недвижен имот за чија локација нема официјална информација. Многу е веројатно дека компанијата годинава ќе ја заврши со добивка која може да надмине 3,7 милиони евра што значајно ги зголемува очекувањата за солидна дивиденда...

Енергетската криза како никогаш досега ја потресе Европа, но и македонската економија и компании. Цените на струјата за фирмите растеа преку ноќ, некои снабдувачи откажуваа договори, а дел од претпријатијата беа принудени да стават и клуч на врата.

Слично

Поврзани вести