ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денеска бурни реакции за немилиот настан кој се случи во Пинтија
НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ ВО ПИНТИЈА КАДЕ КУЧЕ ДО СМРТ ИСКАСА ДЕТЕ
По вчерашниот немил настан во кој осумгодишно дете го загуби животот како последица на напад од кучиња, „Фактор“ на терен да ја согледа состојбата, по бројните реакции на граѓаните.
Во утринската обикола што ја направивме, забележавме сопственици на кучиња кои си ги шетаа милениците во училиштен двор, помеѓу децата кои беа во школскиот двор.
Од разговорите со населението во Бутел 2, дознавме и дека ова не е прв пат, кучиња кои имаат сопственици да бидат во дворот на училиштето.КОЈ Е ГИНЕКОЛОГОТ КОЈ Е КАЗНЕТ?
Доктор Михајло Вангелов е гинекологот кој е казнет со парична казна поради пропусти во третманот на родилката чие новороденче почина во битолската болница непосредно по породувањето. Тој е истиот гинеколог кој во јануари 2021 година и дозволи на својата сопруга од Србија да врши царски рез во клиниката, иако таа не била вработена и немала дозвола за работа во земјава, пишува Либертас мк.
Според порталот Вангелов е и советник во Советот на Општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според наводите во текстот во 2021 година Вангелов бил суспендиран заедно со д-р Гоце Чакаровски, кој е поранешен заменик министер за здравство. Против нив беше покрената и кривична пријава.ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ЗА ПЕНДИКОВ
Левица до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против Христијан Пендиков, генералниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.
Од партијата на Димитар Апасиев велат дека се решуле на ваков потег поради, како што тврдат, лажните изјави и клевети кон македонскиот народ и Македонија кои Пендиков ги изнел за време на интервјуто во февруари за бугарската телевизија БТВ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во земјава се случува во возовите да има патници кои се возат без билет, но тоа не е честа појава.
