ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денес имаше навреди на Википедија, овојпат тие се однесуваа на Ковачевски и Пендаровски
НА ВИКИПЕДИЈА ИМАШЕ НАВРЕДИ ЗА ПОЛИТИЧАРИ
Повторно има навреди за политичарите на Википедија.
Овојпат на удар се шефот на државата, Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.
За претседателот Стево Пендаровски, администратор, на англиската верзија на Wikipedia, му впишал навредливо средно име. Таму беше додаден зборот „стока“.
За премиерот Димитар Ковачевски некој администратор впишал и датум на смрт (Илинден, лани). Исто така во еден момент за Ковачевски наместо премиер на Македонија, стоеше премиер на Бугарија.
Вчера името на министерот за надворешни Бујар Османи беше сменето во „Бугар Османов“.
ПЛАМНАА ПОЖАРИ НИЗ ДРЖАВАТА
Два пожари има вечерва на подрачјето на Куманово.
Пожари има на Градските гробишта и уште еден кај Ловечки дом.
Екипите се на терен и ги гасат пожарите, соопштија од ТППЕ Куманово. Пожари деновиве имаше во повеќе региони во земјава. Дел од медиумите јавуваат дека удари на гром предизвикале пожари.
Пожар изби во местото Погана помеѓу Гевгелија и Богданци.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска во 13:30 часот започнал пожар во поле, којшто подоцна се проширил во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци, каде е зафатен прнар и нискостеблеста шума.МНР МУ ОДГОВОРИ НА ЛАВРОВ
Македонското Министерство за надворешни работи(МНР) му одговори на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој кажа дека едно е како Македонците се однесуваат кон Русија, а друго е како се однесуваат политичарите.
Во интервјуто на Сергеј Лавров „Република Северна Македонија се споменува во неприфатлив контекст“, реагира македонското Министерство за надворешни работи на зборовите на рускиот министер за надворешни, кој кажа дека „Западот се обидува да ја направи Северна Македонија алатка во антируската игра“.фото МИА
