Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денес има висока бројка на заразени, Пецаков може да добие кривична оти не седел во самоизолација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денес има висока бројка на заразени, Пецаков може да добие кривична оти не седел во самоизолација

ДЕНЕС НАД 1.900 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 888, Битола – 148, Кавадарци – 111, Куманово – 83, Велес - 72, Охрид – 59,Тетово – 58, Прилеп – 51, Штип – 50, Струмица – 44, Гевгелија – 38, Кичево- 34, Гостивар и Неготино – по 31, Струга -30, Делчево – 26, Кочани – 24, Ресен – 23, Радовиш и Валандово – по 19, Свети Николе и Богданци – по 9, Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица – по 7, Пробиштип и Демир Хисар – по 6, Берово и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Македонски Брод –  2.

Од вкупниот број на позитивни (1.913), регистрирани се 243 реинфекции.

ПЕЦАКОВ НЕ СЕДЕЛ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ДУРИ ЧЕКАЛ РЕЗУЛТАТ ОД ТЕСТ

Првиот човек на Охрид, Кирил Пецаков, ќе добие кривична пријава затоа што утрото на Водици направил корона-тест и наместо да го почека резултатот во самоизолација, учествувал на одбележувањето на верскиот празник, а потоа добил и позитивен резултат, јави Телма.

Од Државниот санитарен инспекторат потенцираат дека без разлика од која причина се прави тестот и без разлика дали се работи за симптоматски или асимтоматски случај, резултатот се чека во самоизолација.

Пецаков на својот Фејсбук-профил појаснува дека не чувствува никакви симптоми, но дека ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство. 

ДОНИРАНИ ОРГАНИ СО ШТО ЕДЕН ПАЦИЕНТ ДОБИ СРЦЕ, А ДРУГИ ДВАЈЦА БУБРЕЗИ

Од Министерството за здравство информираат дека вчера во претпладневните часови едно храбро семејството одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт.

Додаваат дека по направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кај Стојко Стојков од ОМО Илиден Пирин постои доза на оптимизам дека со текот на времето положбата на македонското малцинство во Бугарија ќе се подобри.

Коста Петров стигна до „врвот“ со владините функции како директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Негов наследник во фондот тежок десетина милиони евра ќе биде Фестим Халили, кадар од ДУИ кој и претходно вршеше повеќе владини функции вклучувајќи и вицепремиерската на само 26 годишна возраст.

Слично

Поврзани вести