Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хаос со документите, МНР ќе ги покрие трошоците за патни листови за нашите граѓани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хаос со документите, МНР ќе ги покрие трошоците за патни листови за нашите граѓани

ХАОСОТ СО ДОКУМЕНТИТЕ ПРОДОЛЖУВА

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, рече дека на денешната редовна владина седница ќе биде разгледана можноста и најверојатно ќе се одлучи возачките дозволи со новото уставно име да бидат бесплатни до крајот на годината.

„Нашите министри денес на седницата на Владата ќе предложат решение со кое ќе може замената на возачките дозволи до крајот на годината да биде бесплатна. Да биде на трошок на државата, за да може и тој процес да се реализира до крајот на годината како што треба“, рече Ковачевски.

Новинар на редакцијата на „Фактор“ утринава претставувајќи се како обичен граѓанин, се јави во амбасадите на Србија, Косово и Црна Гора и Албанија, но и на граничните премини на дел од овие земји, за да провериме дали од денес македонските граѓани ќе можат да патуваат со старите лични карти на кои стои старото име Република Македонија.

ЛЕНЧЕ РИСТОВСКА ИМЕНУВАНА ЗА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЗА ВРСКИ СО ЕВРОПРАВДА

Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на РСМ ја именуваше Ленче Ристоска  за јавен обвинител за врски со Европравда.

Лога и посака успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на  досегашната соработка со Европравда. Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја .

ЗА ЏАФЕРИ ХАШКИТЕ СЛУЧАИ СЕ ЗАТВОРЕНО ПРАШАЊЕ

Според техничкиот премиер, Талат Џафери, Хашките случаи се затворено прашање и покрај барањето на Советот на Европа

Вели дека тоа е прашање регулирано со закон и потврдено со одлуки на Уставниот суд. Владата на Македонија на 15 јануари доби писмо од Советот на Европа, од комесарката за човекови права Дуња Мијатовиќ со препорака да се укине амнестијата и македонските судови да ги пресудат овие случаи. Но, според Џафери, меѓународните трибунали не се врзани со домашното законодавство. Дел од политичките партии се согласија со оваа препорака за отворање на хашките случаи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време со цел да се имунизираат сите дечиња со вакцината Ди-Те-Пер, која штити од тешките заразни заболувања, дифтерија, тетанус и пертусис, односно големата кашлица.

Безмалку половината од 734.139 странски туристи кои лани дошле во Македонија престојувале во главниот град Скопје, покажуваат официјалните статистички податоци.

Луѓето кои издаваат куќи во скопските села велат дека немаат проблем да најдат кираџии. Тие генерално се задоволни. 

Орка Холдинг сака да преземе уште 50 отсто од акциите на мелничко-пекарската компанија „Жито Полог“ од Тетово, за сума од нешто повеќе од еден милион евра. Таква намера за преземање на „Жито Полог“ оваа компанија достави до акционерите на компанијата уште во ноември минатата година, а пред неколку дена за тоа ја доби потребната дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

Државата преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од  продажба на станови, гаражи и подруми во објекти во изградба очекува годинава да наплати 255 милиони денари, или околу 4,2 милиони евра, според објавената програма за 2024. Со овие пари, како и со другите приходи, планира да ја финансира понатамошната изградба на другите инвестиции.

Акцијата на Комерцијална банка вчера повторно се најде во фокусот на инвеститорската јавност.

Слично

Поврзани вести