Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Грешките во учебниците поттикнаа шеги на социјалните мрежи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Грешките во учебниците поттикнаа шеги на социјалните мрежи

„УЛОВЕНИ“ УШТЕ ГРЕШКИ ВО УЧЕБНИЦИТЕ

Нема крај на коментарите за грешките во учебниците. Под објавата на страница од учебник во кој пишува: „Јас сум Белвица, охридската пастрмка“, се редат коментар до коментар во однос на елементарните непознавања на авторите на учебниците

По секојдневното обелоденување на кардинални грешки во учебниците кои пред крајот на првото полугодие ги добија децата во петто одделение, реакции за грешки стигнуваат и од родители и од наставници на ученици од повисоките одделенија. Дека Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, дека Монт Еверест е висок 29.305 метри, дека Марија Кири е добитничка на Нобелова награда за наука, а не постои Нобелова награда за наука, туку за хемија или за физика, не се последните катастрофални грешки кои ќе мораат да ги „голтаат“ децата.  Оние во VIII одделение по географија учат дека Финците, Унгарците, Турците се жолта или монголоидна раса.

СЕМЕЈСТВОТО ТВРДИ ДЕКА СПАСОВ ПОЧИНАЛ ОД СРЦЕВ УДАР

ММС стапи и во контакт со семејството на Стојан Спасов, 26 годишен македонски државјанин од Виница, кој пред неколку дена починал пред трговскиот центар „Парадајз“ во Бугарија. Семејството ги демнатира сите шпекулации кои деновиве беа изнесени во медиумите и тврди дека нивниот најблизок починал од срцев удар според резултатите кои ги добиле од аутопсијата.

БИТИЌИ ДАДЕ ОДГОВОР ЗА КОЛКУ ЌЕ СЕ ПОКАЧИ МИНИМАЛЕЦОТ

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во синоќешната емисија на Клан ТВ најави дека во март 2023 година Владата ќе ја зголеми минималната плата која ќе достигне вредност од 19.600 денари. 

Според него, намерата на Владата е двајца членови од семејството да ја покријат месечната потрошувачка кошничка.
НЕМА КРАЈ НА ЕУФОРИЈАТА ВО АРГЕНТИНА
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Слично

Поврзани вести