Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Границите ќе се поминуваат без ПЦР тестови, се отвораат и аеродромите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Границите ќе се поминуваат без ПЦР тестови, се отвораат и аеродромите

ЦЕЛОСНО ОТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ, СЕ ОТВОРААТ И АЕРОДРОМИТЕ

Целосно се отвораат границите. 

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила. 

Нема да биде потребно приложување на PCR тестови, и нема да има упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, информира премиерот Оливер Спасовски. 

Наскоро ќе се отворат скопскиот и охридскиот аеродром. 

Ваква одлука донесе Владата. 

„Владата денеска донесе одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни“, информираат од Владата.

ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ 118 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Во последните 24 часа се направени 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 55
-Куманово 9
-Дебар 1
-Штип 1
-Прилеп 4
-Тетово 20
-Струга 2
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 9
-Гостивар 4
-Гевгелија 1
-Струмица 2
-Свети Николе 1
-Кичево 1
-Ресен 5

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје - пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

Досега се починати 251 пациент.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во вкупниот број на невработени лица, најголемо е учеството на невработени кои според должината на невработеност се категоризирани во долгорочно невработени лица.

Јавноста треба да биде целосно спокојна и да има потполна доверба во нашиот капацитет успешно да продолжиме со одбраната на стабилноста на курсот на домашната валута. 

Денарот останува стабилен, тврди за Фактор гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

И вџашени од бројките и повторно недисциплина, непослушност, неодговорност, непочитување на тоа што значи единствена заштита од епидемијата во моментов.

Само во последните 2 месеци исплативме кредити во износ од 30 милиони евра за поддршка на бизнисите и со тоа покажавме дека ние сме тука за нашите клиенти без разлика на промените во опкружувањето, вели Стевче Кузмановски, Член на Управен Одбор на ПроКредит Банка во интервјуто за Фактор. 

Слично

Поврзани вести