Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓаните се жалат поради непријатниот мирис на чад во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓаните се жалат поради непријатниот мирис на чад во Скопје

ГРАЃАНИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

На листата на air visual, вечерва Скопје е 18-от најзагаден град во светот. 

Пожарот на Дрисла деновиве предизвика загадување на воздухот во главниот град. 

„Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис“, објасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

СВЕДОЧЕЊЕ ЗА ОНКОЛОГИЈА

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и тројца онколози, кои се обвинети за несовесно лекување пациенти.

Сведокот Јулија Мациевска, мајка на починатата Адријана Начевска, одговарајќи на прашања од Обвинителството ја раскажа голготата која нејзината ќерка ја поминала откако почнала со лекување на Клиниката за онкологија во септември 2020 година.

ВМРО-ДПМНЕ ОБЈАВИ НОВИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница утврди уште пет кандидати за градоначалници на локалните избори. Партијата нема да предложи свој кандидат за Кочани по трагедијата во дискотеката „Пулс“, туку ќе го поддржи независниот кандидат Влатко Грозданов. 

За Кисела Вода партијата ја кандидира пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска. Кандидат за Старо Нагоричане е Мирослав Славковски, за Дојран Илија Тентов, Сашко Велјановски за Долнени и за Ранковце Даниел Павловски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нема ни трага ни глас за стратешкиот проект на „АИМ Греен Тецх“, фирмата на почесниот конзул на Македонија во Белгија, Рајес Леменс, чии капацитети требаше во следните 30 години во голема мера да ја снабдуваат Македонија со електрична енергија.

Управата за јавни приходи со месеци „ги бара“ бизнис партнерите Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, инаку сопственици на РКМ, за да платат данок. 


Слично

Поврзани вести