Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓаните излегоа на протест и бараат правда по скандалот на Клиниката за онкологија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓаните излегоа на протест и бараат правда по скандалот на Клиниката за онкологија

ПРОТЕСТ ПОРАДИ СКАНДАЛОТ НА ОНКОЛОГИЈА

„Смрт на лекарската мафија“, „Затвор“, „Убивате за профит“ извикуваа граѓаните вечерва на протестот пред Владата, поради аферата на Клиниката за онколонија. 

Граѓаните се бесни по информациите кои се појавија во јавноста дека персоналот од клиниката продавал лекови за болните од канцер на „црно“ во Косово. 

Тие испишаа натпис „Убијци“ пред Владата и оставија порака „Ова не се пере“. 

Човек кој се обрати на протестот, кажа дека е жално што 30 години народот вака се собира за лоши работи, но вели таква ни е државата. Мајка му имала карцином на бели дробови. 

„Под хитно беше пренесена на хемотерапија. Мајка ми беше карпа човек. После 3 дена на хемотерапија клапна и за недела дена почина. Мајка ми за седум дена се претвори во жив мртовец. Оваа влада, онкологија тоа што е поврзано, ова е мафија ненормална“, рече човекот. 

Вели дека од оваа влада не видовме ништо, никој не одговараше за многу афери. За виновниците рече дека треба да скапуваат во затвор. 

ПОЛИТИЧАРИТЕ ТВРДАТ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ДА БИДЕ ПОШТЕДЕН АКО ИМА ДОКАЗИ

Длабоко ме погоди и разгневи случајот за Онкологија, за кои МВР потегна истрга. Клиниката треба да служи како надеж за нашите болни од рак. Го разбирам револтот кај нашите граѓани, особено кај оние директно погодени од заболвуањата. Оттаму ќе направам се во моја моќ да се расчисти и казни секој кој има уддел во ова злосторство. Министерствоот ќе соработува со органите на правосудствоот, транспартеноста е дел од нашата работа и така ќе биде и за овој случај.

 Премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот на Клиниката за онкологија за тврдењата за продавање на цитостатици денеска изјави дека пардон нема да има за никого, и побара случајот да не се политизира бидејќи како што кажа се работи за мултипартиски и мултиетнички криминал. Правото на протест на граѓаните е добредојдено, според него, бидејќи врши дополнителен притисок да се реши случајот. 

Ковачевски треба да одговори зошто системот со којшто се следеле лековите, не функционира и кој дал наредба истиот да биде ставен во подрум, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Секој кој бил инволвиран, без разлика на позицијата ќе одговара. Ова категорично го тврдеше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на ТВ21, запрашан за случајот со Клиниката за онкологија.

И Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски се огласи на темата Онкологија. Според него, фрапантни и згрозувачки се јавно достапните информации за сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. 

ВО АЛБАНСКАТА ВЛАДА И МИНИСТЕР ОД МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНОСТ

Реконструкција ќе има на албанската влада, а меѓу новите министри е и еден Македонец.

Премиерот и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, на денешното партиско собрание соопшти за реконструкција на владиниот кабинет, а целосно е сменет и Секретаријатот на партијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Почна месец септември. Пријатното време граѓаните можат да го искористат за на плажа, а сместувачките капацитети сега нудат нешто пониски цени за разлика од оние во екот на сезоната.

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести