Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Горан Иванов доаѓа на местото на Муареми, а Стафа повеќе не е правобранител

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Горан Иванов доаѓа на местото на Муареми, а Стафа повеќе не е правобранител

ПОЗНАТ Е НАСЛЕДНИКОТ НА АРАФАТ МУАРЕМИ

Горан Иванов е назначен за в.д. директор на Управата за финансиска полиција на местото на досегашниот директор Арафат Муареми.

Муареми изминатата недела соопшти дека повеќе нема да ја извршува таа функција, а во меѓувреме беше обелоденето дека истекол и неговиот мандат.

Иванов е финансиски инспектор кој има претходно банкарско искуство.

Истовремено на владина седница денеска е разрешен државиот Правобранител Фехми Стафа.

ИСКЛУЧЕНА СТРУЈАТА ВО АРАЧИНОВО

Околу 80 отсто од домаќинствата во Арачиново денес немаат струја. Од ЕВН Хоме за ТВ21 потврдуваат дека во понеделник наутро во општината дошло до голем дефект како последица на големото преоптоварување на трафостаниците поради континуираното незаконско користење на струјата од страна на жителите.

ТУПАНЧЕВСКИ ЌЕ ФОРМИРА АД ХОК ТЕЛО ЗА БУГАРСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА

Министерот за правда Никола Тупанчевски најави формирање ад-хок тело како прелдог на  денешната седница на Владата кое треба да дозволува, односно да не дозволува регистрација на бугарски здруженија со контроверзни имиња во Македонија.

Министерот рече дека пва ќе биде привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации. Изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности како „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“.

СТРУЈАТА ПАК ЌЕ ПОСКАПИ

Цената на струјата по Нова година ќе се зголеми, изјави за ТВ 24 првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски. 

„Рестрикции на струја не се опција“, тврди тој.

РУСИЈА И УКРАИНА СЕ ОБВИНУВААТ ЗА УБИСТВОТО НА ДУГИНА

Нема да има милост за убијците на Дарја Дугина, вели рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров. Вели дека тоа е варварско злосторство за кое нема да има прошка.

„Не смее да има милост за организаторите, командантите или извршителите”, рече Лавров. 

Руските безбедносни служби ги обвинија украинските тајни служби дека го поставиле експлозивот во автомобилот на Дугина. Украина негира каква било вмешаност.

Eстонија се оградува дека таа е во нивната земја и дека таму се крие. Дугина загина во саботата при експлозија на бомба поставена во нејзиниот автомобил близу Москва.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На Владата и се брза да избере директор на Геолошкиот завод. Распишала оглас за именување на прв човек на таа државна институција, на кој потенцира дека огласот ќе трае само три дена и ќе заврши утре, односно на 24 август оваа година.

За во септември се најавува мини реконтрукција во некои владини сектори како и промена на директорски места во дел од здравствените институции, дознава Фактор од свои извори од здравствениот сектор.

Во услови на економска криза, драстично зголемени цени на суровини и енергија „Витаминка“ покажа пример и лидерство во грижата за своите вработени. За своите вработени издвои 8 % повеќе пари од истиот период лани и плати 3,4 милиони евра

Во повеќе градови во внатрешноста, трговците велат дека имаат „мртов“ период на зелените пазари, односно намален е бројот на муштерии, затоа што луѓето одат на годишни одмори, печалбарите постепено се враќаат на Запад, а и горештините имаат удел и придонесуваат за помала фреквенција. 

Загрепската берза (ЗСЕ) се стекна со дополнителен удел во Македонската берза (МСЕ), со што го зголеми сопственичкиот удел на 29,98 отсто. Оваа информација пред пет дена, односно на 18 вгуст, е објавена на веб страната на Загребската берза.

Во период кога има „интензивни“ промени во фирмите кои го снабдуваат РЕК Битола со јаглен од странство, нов сопственик на една од нив стана ракометната легенда Ристо Чокрев. Најголемата клупска легенда на РК Металург стана сопственик на Енергија Икс, компанија која на претходниот јавен повик за набавка на јаглен за потребите на АД ЕСМ, односно на РЕК Битола набави 50.000 тони јаглен од Албанија за договор вреден 3,25 милиони евра.

Слично

Поврзани вести