ФАКТОР НА ДЕНОТ: Голема полициска акција, уапсени лица од АНБ кои уценувале бизнисмени
ВРАБОТЕНИ ВО АНБ УЦЕНУВАЛЕ БИЗНИСМЕНИ
Полицијата попладнево уапсила неколку лица од Агенцијата за национална безбедност.
Повеќе детали се очекува да бидат соопштени во текот на утрешниот ден.
ИНСПЕКТОРИ ЌЕ НАПРАВАТ КОНТРОЛА ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ СОВЕТНИЦИ ПОТПИШАА ИЗЈАВИ СО ИМЕТО „РЕПУБИКА МАКЕДОНИЈА“
Инспекторите за локална самоуправа следната недела ќе одат во контрола на општините Штип и Аеродром.
Овој надзор е најавен откако советниците ги потпишаа свечените изјави со „Република Македонија“, наместо со новото уставно име. Ако Инспекторатот утврди неправилности има две сценарија.
„Ако се констатира одредена неправилност односно неуставност и незаконитост во потпишаните изјави тогаш ќе им се укажува во одреден рок да ги поправат грешките и крајниот случај, ако не постапуваат по однос на нашите укажувања тогаш ќе се оди во контролен инспекциски надзор и тогаш ќе се носи Решение за запирање на примена на пропис што е дадено е дадено како надлежност на нашата инспекциска служба“, вели инспекторот за локална самоуправа, Рахим Муслио.ДЕНЕС ИМА НАД 500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.029 тестирања, а регистрирани се 550 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 214, Битола – 58, Куманово – 30, Кавадарци – 27, Велес – 26, Тетово – 23, Штип – 22, Прилеп – 19, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Пробиштип – 11, Кичево – 9, Струмица и Неготино – по 8, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 7, Берово и Крушево по – 6, Охрид, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Македонска Каменица – по 2, Богданци – 1.
Регистрирани сe 390 оздравени пациент од: Скопје – 167, Куманово – 45, Велес – 27, Кавадарци – 21, Тетово и Штип – по 16, Кочани – 15, Прилеп, Битола, Охрид и Струмица – по 10, Гевгелија – 7, Свети Николе и Крива Паланка – по 5, Кичево, Струга и Валандово по – 4, Радовиш, Виница и Кратово – по 3, Неготино и Богданци – по 2, Пробиштип - 1.ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА И ДЕНЕС Е ВО ФОКУСОТ
Васко Ковачевски, директорот на АД ЕСМ, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека меѓу понудите кои пристигнале за набавка на 900.000 тони јаглен за РЕК Битола за надминување на енергетската криза за време на грејната сезона не пристигнала понуда од Грција, која инаку би била најповолна.
- Не добивме понуда од Грција, меѓутоа тамошните компании, повеќе државната компанија, си ги чуваат резервите на јаглен заради турбуленциите на пазарот, рече Ковачевски.
Првиот човек на поранешен ЕЛЕМ уверува дека јагленот со кој ќе работат два блока на РЕК Битола ќе пристигне до декември и истиот ќе го користиме до 15 амрпил, односно додека трае грејната сезона.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
