Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ѓорчевска ја киднапирале во лифт, Жежовски го мачеле, има обвинение за четири лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ѓорчевска ја киднапирале во лифт, Жежовски го мачеле, има обвинение за четири лица

ОБВИНЕНИЕ ЗА ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против четири лица за грабнување и двојно свирепо убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Жежовски го мачеле за да го даде автомобилот, а таткото на Ѓорчевска сепак дал информации кога Вања ќе оди во училиште.

„Како соизвршители, заедно со уште едно осомничено лице за кое истрагата за исти кривични дела е во тек, испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ПЛАНИРА ГРАДЕЊЕ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ

Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова од Охрид денеска порача дека го почитува Преспанскиот договор, како и дека, „за разлика од други“, го почитува меѓународното право. Таа додаде дека начинот како ќе го користи името на државата е „лична определба, право што е загарантирано со повисоки акти од билатералните договори“.

„Се разбира дека имам план. Планот е градење добрососедски односи. Планот е нудење почит и барање самопочит. И мислам дека како што во политиката треба да се трага по уметноста на можното, ќе го направиме набрзо. Мојата прва изјава беше дека нема да одам по светот, дека сакам да се сретнам со соседите и мислам дека ќе го остварам тоа. Се разбира за разговор се потребни сите околу вас и ние немаме друг избор освен да разговараме. Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат. Политиката бара дијалог и јас сум спремна да трагам по тоа и взаемно да ги надминеме проблемите“, изјави Давкова.

УСТАВНИОТ СУД И ДЕНЕСКА НЕ ИЗБРА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Пропадна и 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен суд. 

Уставните судии и денеска не избраа наследник на Добрила Кацарска. По два дена гласање никако да се обезбеди потребно двотретинско мнозинство, односно шест гласа за да биде избрана една од двете кандидатки Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева. Од Уставен суд соопштија дека нова седница е закажана за во понеделник. Судиите се договорија седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни. Инаку, Кацарска кажа дека трпела закани, но и дека лице во Грција ја нападнало, односно добила клоца поради пресуда поврзана со екс премиерот Никола Груевски. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кога добивката е солидна, компаниите сакаат да задржат и значаен дел за инвестиции, но и добар дел да поделат за дивиденда на своите акционери, како и за награди на раководниот персонал, односно за членовите на управните и надзорните одбори.

„Многумина мислат дека немам допирна точка со медицината, но да бидеш присутен во медицината, треба да имаш некоја едукација“, вака докторот и бизнисмен, но и менаџер, д-р Емил Угриновски, ја стартува неформалната нарација за неговата кариера и воопшто за неговиот животен пат.

Слично

Поврзани вести