ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ѓавато се санира и наскоро повторно ќе го полни Дојранското Езеро
ЃАВАТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ПОСЛЕДНИВЕ ТРИ-ЧЕТИРИ ГОДИНИ
Имало апели до претходната влада дека хидросистемот Ѓавато не функционира последните три-четири години, но немало никаква реакција од државата, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на увид на состојбата на хидросистемот.
„Добро е што излеговме да видиме лично што се случува и да можеме од лице место да направиме дијагностика по која потоа ќе постапиме. Детектирани се места каде што имаме пукнати цевки, кои треба водата да ја донесат до базенот, од каде со други пумпи, водата ќе биде однесена до Дојранското езеро. Што значи дека се трошат ресурси за систем кој што 3-4 години функционира со расипан цевковод. Благодарение на општествено одговорна компанија, се пристапи кон санирање на овие цевководи и очекувам да бидат санирани во наредните неколку дена, со што ќе се зголеми огромен капацитет на вода која ќе доаѓа до резервоарот, која потоа ќе биде пренасочена кон езерото. Станува забор за две бунарски потопни пумпи. Капацитетот е 10, другите 8 не работат. Овие две имаат капацитет од 100 литри во секунда секоја, иако вкупниот капацитет е еден кубик, односно 1.000 литри во секунда. Планираме во најкраток рок да оспособиме најмалку 4, а потоа дополнителни две, со што ќе биде исцрпен капацитетот за да во најскоро време, езерото го добие оној изглед кој заслужува да го добие“, рече Мицкоски.
АМАР МЕЦИНОВИЌ Е КАНДИДАТ НА ЛЕВИЦА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ
Пратеничката на Левица, Јована Мојсовска на Фејсбук соопшти дека кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје е Амар Мециновиќ .
„И официјално, Амар Мециновиќ е кандидатот за градоначалник на левица за град Скопје!
Ќе звучам нескромно, ама Амар е убедливо ѕвезда на политичката сцена и ги поместува хоризонтите на политичкото и општественото делување. Скопјани прв пат ќе имаат шанса да гласаат за млад и бунтовен лик, кој го живее духот на Скопје и кој го памети Скопје во едно друго време, кога градот имаше живот и сјај.Активен е пожарот кај селото Тумчевиште, а под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Девет нови компании ќе заработат кривични пријава, под сомнеж за испраќање лажни фактури – една во сметководство, друга во ревизија, трета во Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Фактор. Дел од овие фирми, според нашите информации, меѓусебно си наплаќале кирии, користеле исти софтвери и исти алатки, а предметите веќе се подготвени за пријава. Има и компании кои зеле државни пари преку ФИТР, а кои се под ревизија.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
