ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гинекологот Асани е осуден на три години затвор за случајот со родилката од Дебар
МУХАМЕД АСАНИ ДОБИ ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР
Мухамед Асани, гинекологот кој на Јилдиз Веапоска ѝ го изведе царскиот рез по кој таа остана без матка, јајник и бубрег, денеска е осуден на три години затвор и пет години забрана за вршење дејност и одземање на лиценцата од Лекарска комора.
Другите двајца обвинети лекари, синот на лекарот, Блертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, се ослободени од обвинението.
Веапоска ќе се жали бидејќи не е целосно задоволна. Настанот се случи пред неколку години во Општата болница во Струга.ПОПЛАВИ ИМА ВО РЕСЕНСКО
Поплавени се над 50 куќи, магацини и земјоделско земјиште во ресенско.
Има излевање на Болска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени.
Центарот за управување со кризи(ЦУК) информира дека поплави има и кај селото Долна Бела Црква по излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој е 210 см.
Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини. Вкупно седум пумпи се користат за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.УБИЈЦИТЕ НА ВАЊА И ПАНЧЕ ЌЕ СЕ ЖАЛАТ НА АПЕЛАЦИЈА
Убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе се жалат на Апелација за доживотниот затвор.
Скоро шест месеци по изрекувањето на казните, целосниот текст е доставен до бранителите на осудените лица. Одбраната најавува жалба до Апелациониот суд и ќе бара одржување јавна седница.ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО СЕПТЕМВРИ БИЛА НАД 45.000 ДЕНАРИ
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2025 година, изнесува 45.466 денари, објави Државниот завод за статистика.
- Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,3 отсто.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Организирањето роденден за деца во последните неколку години стана финансиско оптоварување за многу семејства. Она што некогаш беше едноставна прослава со торта, роднини и неколку другарчиња, денес прерасна во мини-настан кој по цена понекогаш се изедначува со свадба или приватна свеченост.