Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Газдата на „Пулс“ бара куќен притвор, родителите на жртвите жестоко реагираа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Газдата на „Пулс“ бара куќен притвор, родителите на жртвите жестоко реагираа

ГАЗДАТА НА „ПУЛС“ БАРА КУЌЕН ПРИТВОР

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба.

Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека „мерката притвор не соодветствува со целта, ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење“.

- Импровизирано третирање во затворски услови гарантира катастрофални последици поради несоодветните услови, особено кога неговото здравје континуирано се влошува - изјави Коцевска.

РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ БУРНО РЕАГИРАА ЗА БАРАЊЕТО НА ЈОВАНОВ

Семејствата на загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ кој се случи лани во Кочани, остро реагираа по денешното барање на адвокатката Ивана Коцевска за олеснување на мерките куќен притвор за првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, оценувајќи го како навреда за нивната болка и понижување на споменот на нивните деца.

Тие посочуваат дека секојдневно се соочуваат со загубата и празнината во домовите и наместо одговорност гледаат обиди за избегнување на последиците од трагедијата.

Особено загрижува, наведуваат, фактот што кај дел од обвинетите веќе било одобрено олеснување на мерките, што создава чувство дека случајот се минимизира и дека човечките животи се ставаат во втор план.

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА КАЖА ШТО ОЧЕКУВА ОТКАКО РАДЕВ ПОБЕДИ ВО БУГАРИЈА

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова вели дека со Румен Радев како поранешен претседател на Бугарија не се согласувале за многу работи, но посочи дека умеат да се сослушаат со почит и како што рече, да заклучат дека ќе бараат решение.

„Очекувам да се видиме, да разговараме и да трагаме по ново решение“, вели Сиљановска-Давкова по вчерашните избори во Бугарија на кои победи Радев. 

Сиљановска-Давкова вели дека резултатите од вчерашните парламентарни избори во Бугарија се очекувани со оглед на високиот рејтинг на Радев.

ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ

Од ноќеска на полноќ граѓаните ќе плаќаат поевтини горива, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на цените во просек за 2,13 проценти.

Бензините и дизелот поевтинуваат за 1,50 денар по литар, додека единствено екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ако за 1-ви Мај-Денот на трудот сакате да отидете во природа на излет и да изнајмите цела викендица во некое од туристичките места, ова задоволство ќе ве чини околу 100 евра. Сопствениците на викендици во Охрид, Маврово, Кочани бараат по 100 евра на ден за изнајмување.

Заедно контролираат повеќе од 90 отсто од вториот пензиски столб во Македонија, а истовремено добар дел од приходите ги остваруваат од каматите од државните обврзници како должнички хартии од вредност што ги купуваат од Министерството за финансии.

Тактиката на Владата на Македонија по победата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година беше да не се гласаат уставните измени како услов од „Францускиот“ договор и да се чека на стабилна политичка влада во Бугарија со која ќе се отвори дијалог за отворените соседски прашања и на тој начин да се одблокира патот кон Европската Унија, но дали по победата на Румен Радев и „Прогресивна Бугарија“ тоа е политичко изводливо или дополнително ќе бидат бетонирани бугарските позиции за вето во Брисел.

Податоците што ги обезбеди Фактор, а се преземени од Централниот регистар, покажуваат различна деловна динамика кај компаниите што работат под дирекција на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) во 2025 година. 

Слично

Поврзани вести