ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фон дер Лајен вети грантови за Македонија, се работи за 80 милиони евра
ФОН ДЕР ЛАЈЕН НАЈАВИ ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА
Претседателката на Европската Комисија(ЕК), Урсула дон дер Лајен изјави дека преговарачкиот процес добива динамика.
Има грантови за цел Западен Балкан и за Македонија. Станува збор за 80 милиони евра. Ова ќе се заврши до крајот на оваа година, и првите средства земјава ќе ги добие во јануари. Парите ќе бидат искористени за справување со енергетската криза. Изјави дека ќе треба да има инвестиции во обновливи извори на енергија. Ќе се зголемат инвестициите во ветерници и фотоволтации.
Таа нагласи дека македонскиот јазик е на исто рамниште со сите други 24 службени јазици во ЕУ.ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ИМАШЕ ВО СКОПСКИ УЧИЛИШТА
Во дел од училиштата завршија проверките за бомби и се покажа дека дојавите биле лажни.
Покрај до петте училишта каде што првично беа испратени дојави, подоцна дополнително било пријавено дека иста закана пристигнала преку електронска пошта до уште три школи во Скопје. Проверките во дел од нив сè уште траат.
Дојавите за бомби денеска беа испратени по електронски пат до пет средни училишта по што беше извршена евакуација на учениците и вработените.НАПАДНАТ НОВИНАРОТ ЗОРАН БОЖИНОВСКИ
Се огласи на фејсбук претепаниот новинар Зоран Божиновски.
Не знам колку треба да сум лош, непријатен, контроверзен, надвор од пропишаните правила на игра од играчи на македонското медиумско небо кои секогаш се исправени пред дилема ДАЛИ ДА ОБЈАВАТ ИЛИ ПРЕМОЛЧАТ ОТИ ТОЈ И ТОЈ ИМ ПЛАЌА РЕКЛАМА, па да бидам брутално нападнат пред зградата во која живеам...ЧИТАЈТЕ УШТЕ
