ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фон дер Лајен повика да се направат уставни измени за отворањето на првиот кластер
ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОВИКА ДА СЕ НАПРАВАТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ
Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.
- Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.ЛИЦЕ КОЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГО ПОМИЛУВА, ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕДЕ
Полицијата го потврди апсењето на А.Р. кого претседателката Гордана Сиљановска-Давкова деновиве го помилува.
Во Скопје денеска полициски службеници од СВР Скопје, го лишија од слобода А.Р. (29) од селото Арачиново во врска со кривично правен настан случен на 14 октомври на територија на Чаир, каде што од огнено оружје е повреден Е.А. (35) од Скопје.ДВЕ ОПШТИНИ САКААТ ДА ГО НАПУШТАТ ЗЕЛС
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и Карпош ќе ја преиспитаат одлуката за излегување од ЗЕЛС. Во изјава за медиумите дадена попладнево, Ѓоргиевски рече дека досега до ЗЕЛС нема стигнато официјално барање за излегување од ЗЕЛС.
Потегот на двајцата градоначалници го оцени како несериозен затоа што, како што рече, едниот ја соопштил одлуката преку социјални медиуми, а другиот преку прес-конференција без претходно како претседател на ЗЕЛС да биде информиран.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Пет македонски компании од делот на информациските системи, комјутерското програмирање и организирањето игри на среќа, ќе влезат во аквизиција на друга чешка компанија.За третиот квартал добивката на „Адинг“ е 267.000 евра, а во споредба со периодот јануари-септември лани сега добивката е повисока за 21%
Турците кои студираат во Штип на Универзитетот „Гоце Делчев“ велат дека по дипломирањето нивните сонародници најчесто се враќаат во Турција, таму бараат вработување, а доколку не успеат да најдат добра работа сo посакуваните услови, бараат можности во некоја од европските земји.
Големо државно задолжување од дури 74 милиони евра се случува деновиве.
