ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фон дер Лајен ќе дојде во Македонија по повод уставните измени
ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЌЕ ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА
Шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен кон крајот на месецот треба да допатува во официјална посета на Скопје.
Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски, а го потврди и евроамбасадорот Дејвид Гир. Посетата на Фон дер Лајен е во контекст на уставните измени и на заедничкиот прогрес на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ.
Последните пораки на францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана навестуваат дека во декември може да има разделување на пакетот Скопје – Тирана, додека Гир денеска уверуваше дека Македонија ужива голема поддршка како од европските институции, така и од самите земји-членки на Европската Унија.ЌЕ ИМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи вели дека живее само од плата која му е важна и според него, не мисли дека е за фалење кога политичарите велат дека не им е битна платата.
„Во овој случај разбирам дека приоритет треба да бидат тие со плати околу минималната. Мислам тоа е клучно и ако ни дојде редот на нас во ред, ако не приоритет се тие граѓани во ова време на инфлација и на поскапување и треба да им се посвети внимание“, изјави Османи.ВО БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА ЗАГИНАЛЕ 471 ПАЛЕСТИНЕЦ
471 Палестинец загина, 314 се ранети во напад на болница во Газа.
Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра, денеска ги соопшти податоците за загинати. Нападот го нарече „израелскиот масакр“ во болница на северот на Појасот Газа.
Палестинските власти го обвинуваат Израел за експлозијата во болницата која се случи синоќа. Израел тврди дека експлозијата ја предизвикала палестинската милитантна група Исламски џихад, со неуспешно лансирање ракета.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
