Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче вели дека со заемот Македонија ќе биде под заложништво на Унгарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче вели дека со заемот Македонија ќе биде под заложништво на Унгарија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПОД ЗАЛОЖНИШТВО НА УНГАРИЈА ПОРАДИ ЗАЕМОТ, СМЕТА ФИЛИПЧЕ

Според СДСМ, кредитот кој Македонија ќе го добие од Унгарија не е поволен. 

Лидерот на партијата, Венко Филипче, додаде дека партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан е исфрлена од европското семејство ЕПП и сега таа партија од Унгарија соработува со партиите на радикалната десница. Кажа дека стравува дека под диктат на Орбан такви политики ќе почне и Христијан Мицкоски да имплементира тука кај нас.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски успеа за многу кратко време да застрани од стратешките позиции на земјата, кои се градени со децении назад.

МИЦОТАКИС СЕ ЖАЛЕЛ ОД МИЦКОСКИ

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на прес-конференција за грчките медиуми на самитот на НАТО во Вашингтон откри дека премиерот Христијан Мицкоски на официјалните состаноци со сите лидери на НАТО зад затворени врати го користел уставното име.

Како што пренесува „Гласот на Америка“, на Мицотакис сепак не му се допаѓа тоа што Мицкоски за домашна употреба избегнува ерга-омнес и тоа, како што рекол, го пријавил како проблем пред НАТО сојузниците во Вашингтон.

БУГАРСКА ФОНДАЦИЈА ГО ТУЖИ ВАСИЛ СТРЕЈОВСКИ

Бугарска фондација ја тужи партијата на Македонците во Албанија и бара оштета од 10.000 евра. 

Фондацијата „Бугарска меморија” на Милен Врабевски од Бугарија, преку адвокатска канцеларија од Тирана, поднесе тужба во Основиот суд во Корча против единствената партија на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и нејзиниот лидер Васил Стерјовски.

Фондацијата бара од судот во Корча „да ја натера МАЕИ да ја надомести нематеријалната штета, во износ од 10.000 евра, предизвикана како резултат на ширење клеветнички и навредливи изјави кои го нарушуваат угледот”.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ако сакаме напредок во кариерата, треба да направиме баланс, односно да работиме напорно, но и да работиме паметно и да носиме правилни одлуки.

Високите температури не попуштаат веќе неколку дена, но загрижува фактот што метеоролозите и за наредната цела недела прогнозираат дека термометрите нема да се спуштат под 40 степени. 

Што се случува на пазарот на труд во Македонија. Значителен пад на бројот на активни граѓани, a намалување има и кај вработените лица и кај невработените.

Дури 20 отсто од електричната енергија што се произвела на македонско тло завршила на странските берзи како извозна минатата година, но тоа не придонесе да се почувствува во животниот стандард на граѓаните. 

Денеска е денот „Д“ за една од поуспешните фармацевтски компании во земјава „Реплек“. Во текот на денешниот ден е предвидено да се изврши веќе најавениот таканаречен сплит, односно поделба на обичните акции на ова акционерско друштво.

Ќе го запре ли новата Влада трендот на пропаѓање на јавните болници, училишта и општинските комунални претпријатија? Зошто овие непрофитните јавни установи кои се грижат за врвен јавен интерес како лекување, образование и водоснабдување се изложени на берзански цени на струјата. 

Татјана Лопарски, сопственичка и извршна директорка на една од водечките ПР агенции во Македонија – Елемент ПР, ексклузивно во „Бизнис муабети“, подкаст кој се емитува денес на Јутјујб каналот на Фактор, разговараше  за повеќе интересни теми и откри детали од тоа како успеала и како ја создава една од најголемите ПР агенции во Македонија.

Слично

Поврзани вести