Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче поднесе оставка, на потег е Заев

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче поднесе оставка, на потег е Заев

ПОДНЕСЕНИ НЕКОЛКУ ОСТАВКИ, МЕЃУ КОИ Е И ОСТАВКАТА НА ФИЛИПЧЕ

Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес - конференција изјави дека  си поднесува оставка од функцијата после трагичните случувања во Тетово.

Вели дека никогаш не бегал од критика. 

„Сакам да се заблагодарам на сите кои ме поддржуваа во работата. Ја поднесов мојата пишана оставка до премиерот Зоран Заев“, рече Филипче.

Илир Хасани, заменик министерот за здравство објави дека си поднесува оставка.

Директорот на тетовската болница Флорин Бесими поднесе оставка, по завчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово. 

СЕ СПОМЕНУВААТ ИМИЊА КОЈ БИ ГО ЗАМЕНИЛ

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“, Христијан Kостов ги демантира сите наводи дека ќе го заземе местото на Венко Филипче. 

„Ние се уште имаме министер, и сите денешни шпекулации дека јас ќе бидам министер за здравство се целосно неточни,“ изјави за Фактор, доктор Костов. 

Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски за Фактор изјави дека шпекулациите дека тој ќе биде следниот министер за здравство, се само шпекуалции и ги демантира овие информaции. 

ДЕНЕС ИМА 30 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 265, Куманово – 54, Тетово - 26, Прилеп – 21, Струмица – 20, Кичево – 17, Гостивар и Велес – по 16, Кочани – 15, Штип - 14, Битола – 13, Берово- 12, Кавадарци - 11, Свети Николе – 9, Охрид – 8, Струга, Ресен и Пробиштип – по 7, Радовиш и Валандово – по 6, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Пехчево – 3, Дебар и Демир Капија – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица  - по 1.

Регистрирани сe 1010 оздравени пациенти од:  Скопје – 443, Тетово – 112, Куманово и Гостивар – по 75, Струмица - 46, Кичево – 42, Кавадарци – 25, Прилеп и Битола – по 21, Штип – 20, Радовиш - 19, Свети Николе – 18, Ресен – 15, Дебар – 13, Велес и Кочани – по 12, Кратово – 8, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 5, Охрид, Виница и Богданци – по 4, Валандово и Крушево – по 2, Струга и Крива Паланка – по 1.

Пријавени се 30 починати лица: 7 починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 починати лица од Тетово (60г, 71г и 90г) и  Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно починато лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г).

ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ Е СПРЕМНА ЗА УВИД

Министерството за здравство ја поздравува постапката на Основното јавно обвинителството кое ја води истрагата за избувнувањето на пожарот во мобилниот ковид центар во склоп на КБ Тетово, каде на голема жалост имаше и човечки загуби.

Ја информираме јавноста и истражните органи дека стоиме на располагање на сите институции и сакаме да соработуваме и да ја приложиме целокупната документација со која располагаме, за поставувањето на сите 17 регионални ковид центри во државата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Чевларскиот сектор во земјава живнува по долгиот мртов период предизвикан од пандемијата на  коронавирусот.

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти во 2020 година регистрирал сериозни хакерски напади на вкупно 92 јавни веб-страници, споредено со 113 во 2019, 196 во 2018 и 349 во 2017 година. Од нив, 6 се официјални страници на организации од владин сектор под .gov.mk доменот.

Верувале или не, македонскиот извоз во Германија за првите седум месеци е речиси две милијарди евра и тоа доаѓа околу половина од целиот извоз до крај на јули. Пријателите во мака се познаваат или низ бројки: 600 милиони евра повеќе извоз за Германија во однос на истиот период лани. 

Тимовите на Институтот за судска медицинa ја завршија обдукцијата на телатакои веднаш беа донесени по пожарот во модуларната болница во Тетово. Директорот на Институтот, д-р Александар Станков за Фактор потврди дека постапката е завршена, но напомена дека во координација со Министерството за здравство е договорено сите детали за случајот да бидат соопштени оттаму. 

Слично

Поврзани вести