Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Е НОВ ЛИДЕР НА СДСМ

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче победи на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ. По обработени 74 од 77 избирачки места, тој има 8.474 гласови, Јован Деспотовски има 2.291 гласачи, додека за Александар Бајдевски гласале 868 луѓе.

ДЕСПОТОВСКИ ИМА ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ГЛАСАЊЕТО ВО СДСМ ЗА ИЗБОР НА ЛИДЕР

За забелешките кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори, изјави Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ. 

Вели дека денеска дел од членовите на СДСМ гласале. 

„Искрено им благодарам на сите оние кои во изминатите неколку недели беа со нас и дадоа своја енергија во градење на еден нов СДСМ. Пред воопшто да можам да дадам конечна оценка за изборниот процес, Централната изборна комисија и партиските органи мора да обезбедат одговор на две клучни прашања:

Како ни се случи над 10.000 наши членови кои се регистрирале за гласањеодносно изразиле инцијатива да учествуваат во изборниот процесот неможеа односно не го остварија своето право на глас денеска? Како ни се случи на голем број на наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас?

AГЕЛЕР КАЖА ДЕКА НЕМА ПОВТОРНО ПРЕГОВОРИ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА И СО БУГАРИЈА ЗА ЕУ

Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа. Од новата Влада граѓаните треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата. Агелер вели и дека секогаш постои ризик од влез на корозивен капитал и власта треба да одговори на сите прашања.

„Демократијата е многу кревка работа, и ја следевме земјата во периодот на кампањата и на изборите кои беа предизвик и за граѓаните и за кандидатите во оваа земја. Резултатите, меѓутоа, беа многу дефинитивни. 

БУГАРИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА

Бугарија е задоволна од пописот во Албанија. 

Бугарскиот амбасадор во Тирана, Ивајло Киров, изрази задоволство од пописните резултати според кои во Албанија живеат 7.057 лица со бугарска националност, јави Ора њуз.

Амбасадорот Ивајло Киров при денешната посета на северниот албански град Кукс, каде учествувал во активност за бесплатни здравствени прегледи на жителите на овој град од страна на бугарски лекари изразил „благодарност за сработеното, но и за почитувањето на правата на малцинството”.

Слично

Поврзани вести