Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фејсбук „војна“ меѓу Мицкоски и Груевски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фејсбук „војна“ меѓу Мицкоски и Груевски

МИЦКОСКИ И ГРУЕВСКИ СЕ ПРЕПУКУВААТ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска претпладне директоно му се обрати на неговиот претходник Никола Груевски преку статус на социјалните мрежи, во кој му порачува дека нема да успее да внесе раздор во најголемата опозициска партија.

Мицкоски претходно за германски медиум рече дека актуелната власт направила договор со Груевски да се внесува раздор во ВМРО-ДПМНЕ и да се прави притисок за двотретинско мнозинство за уставните измени. Подоцна во текот на вчерашниот ден се огласи и Груевски од Будимпешта со коментар дека Мицкоски нема докази дека постоела комуникација помеѓу него и власта предводена од СДСМ.

„Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам. Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин:

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕПОРАЧА НОСЕЊЕ МАСКИ ВО ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

Задолжително носење маски во здравствените установи, препорачува Комисијата за заразни болести.

Оваа препорака ја донела Комисијата за заразни болести по денешниот состанок, информира портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. Вели дека овае со цел да се минимизира можноста за пренесување на болеста, особено онаму каде што имаме загрозени групи, кои може да бидат подложни на тешка компликација како резултат на инфекција со коронавирус.

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ВО АЛБАНИЈА ДЕЛЕЛ ТАБЛЕТИ И ТЕЛЕФОНИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ КАКО БУГАРИ

Бугарија врши притисок Македонците во Албанија да се попишат како Бугари. 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана преку соопштение „најостро го осудува крајно агресивното и дрско однесување на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров кон Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа”. 

„Во екот на пописот во Република Албанија, бугарскиот амбасадор Ивајло Киров, без основно почитување на националните чувства на Македонците во Република Албанија, врши отворен атак врз македонското население во Голо Брдо и Мала Преспа, а со намера да ги убеди да се попишат како Бугари. Со своите постапки бугарскиот амбасадор ги надминува своите овластувања на претставник на бугарската држава во Република Албанија“, оценува друштвото.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Една од домашните најреномирани градежни компании „Гранит“ ја извести инвеститорската јавност за голема зделка.

Вечна е дилемата за даночната политика на политичката десница и левица, каде првите инсистираме на ниски даноци, но силна даночна дисциплина, а вторите на високи доноци и лабави односи.

Дали намалените и замрзнати цени кои би требало да започнат да се применуваат од денеска ќе придонесе да се намали ценовниот притисок врз граѓаните? Ќе се ублажи ли ударот врз животниот стандард на мнозинството жители во земјата или напротив нивниот ефект ќе биде минорен?

Граѓаните често знаат да кажат дека живееме брз начин на живот. Велат дека посебно помладите се во трка со обврските, со цел да заработат повеќе и да си обезбедат повеќе удобности.

Слично

Поврзани вести