Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕУ мора да ѝ подаде рака на Македонија, во спротивно тоа ќе го направат Кина и Русија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕУ мора да ѝ подаде рака на Македонија, во спротивно тоа ќе го направат Кина и Русија

ТАЈАНИ ВЕЛИ ДЕКА ИТАЛИЈА ДАВА ПОДДРШКА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани, денеска од Скопје предупреди дека Европската Унија(ЕУ) би можела да биде заменета на Западен Балкан од други земји кои имаат интерес од тоа, како Русија и Кина.

Вели дека треба Европјаните да им подадат рака на Балканците. 

„Треба да се решат проблемите што не се решени, за да може да се почитуваат европските прави за пристапување. Ако не го направиме тоа, ќе има некој друг што ќе сака да нè замени, мислам на Русија, Кина и други делови од светот, мислам на Турција. Ние политички сме убедени дека Балканот е интегративен дел на ЕУ“, изјави Тајани.

УАПСЕНИ ДВЕ ЛИЦА ОД ГРУПАТА КОЈА ЧИСТЕШЕ ОКОЛУ ЦРКВАТА ВО ГАЛАТЕ

Случувањата околу покренатата акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во атар на Галате не стивнуваат. Попладнево, полицијата приведе две лица, дел од групата што викендов работеше на средување на просторот околу храмот. Приведувањето се случи во објектот на Општина Врапчиште, кадешто граѓаните беа дојдени и инсистираа да остварат средба со градоначалникот Исен Шабани. 

Пратеничката oд СДСМ, Славјанка Петровска јавно реагираше преку социјалните мрежи на полициската акција во Гостивар, при која беа приведени граѓани кои учествувале во реставрацијата на црквата Св. Петка во селото Галате. 

КРЕДИТОТ ОД УНГАРИЈА ЌЕ ГО ОТПЛАЌАМЕ 15 ГОДИНИ

Законот со кој Македонија ќе се задолжи од Унгарија 500 милиони евра влезе во Собрание по скратена постапка. 

Утре се очекува да се гласа потребата од донесување на законот, по што ќе следат матичните комисии за финасирање и буџет и законодавно правната комисија.

Македонија ќе се задолжи од унгарската експорт Импорт банка, а според текстот на законот ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската банка. Провизијата ќе се плати пред повлекување на првите пари од Ексим банката. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Државниот регулатор Агенција за пошти пред надлежен Кривичен суд водел постапка против АД Пошта и раководителите поради ненавремено доставување на пратките. По претходен надзор, регулаторот утврдил дека давателот на универзалната поштенска услуга во земјата не си ја вршел работата како што треба.

Граѓаните се сведоци дека хортикултурното уредување на градовите не е на завидно ниво и истото треба да се подобри, посебно ако станува збор за главниот град или за туристичките места.

Слично

Поврзани вести