Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕУ ја отстрани Македонија од листата на безбедни земји, а вечерва пристигнуваат бегалци од Авганистан

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕУ ја отстрани Македонија од листата на безбедни земји, а вечерва пристигнуваат бегалци од Авганистан

ЕУ ЈА ТРГНА МАКЕДОНИЈА ОД ЛИСТАТА НА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ

Европската Унија ја отстрани Македонија од листата безбедни земји чии граѓани без ограничувања можат да патуваат во блокот поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус. Од листата се тргнати и САД, Израел, Косово, Либан и Црна Гора, објави Ројтерс.

Оваа одлука значи дека македонските граѓани повторно ќе се соочат со ограничувања и построги контроли при несуштинските патувања во Европската Унија, како тестирање за коронавирус и карантин. Таа не е обврзувачка за сите членки на Унијата, туку секоја држава има право да воведе свои гранични правила. Таканаречената листа на безбедни земји, на која се најде и Македонија, беше усвоена од Брисел на 15 јули годинава и на неа се најдоа 23 држави. 

Сепак, листата е подложна на промени врз основа на ситуацијата со коронавирусот во секоја држава. 

ПРИСТИГНУВААТ ДЕЛ ОД БЕГАЛЦИТЕ

Вечерва на аеродромот во Скопје ќе пристигне првата група бегалци од Авганистан. 

Како што соопштија пред малку од Владата, во тек е акредитација на новинарски екипи кои сакаат да го проследат настанот. Засега не се наведува колку лица ќе дојдат. Според последните информации до Македонија се пристигнати околу 800 барања за овозможување на привремен престој за граѓани од таа земја.

НОВИ 32 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.628 тестирањe, а регистрирани се 299 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 209, Куманово – 14, Гостивар и Кавадарци – по 10, Струмица – 9, Тетово – 8, Дебар – 7, Прилеп и Велес – по 5, Охрид и Кичево – по 4, Струга и Кратово – по 3, Битола и Радовиш – по 2, Штип, Кочани, Неготини и Берово – по 1.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од: Скопје – 155, Тетово – 118, Гостивар - 113, Струмица – 29, Кичево – 26, Куманово – 19, Кавадарци, Велес и Свети Николе – по 9, Прилеп – 8, Битола и Валандово – по 7, Штип – 6, Берово и Гевгелија – по 5, Кочани и Ресен – по 4, Дебар, Радовиш, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кратово, Неготино, Виница и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се 32 починати лица: 5 починати лица од Гостивар (61г,61г,64г,81г и 82г), по 4 починати лица од Скопје (34г,57г,68г и 70г), Тетово (49г,56г,75г и 85г) и Кичево (55г,66г,72г и 72г), 3 починати лица од Струга (73г, 76г и 82г), по 2 починати лица од Куманово (50г и 70г), Прилеп (32г и 75г) и Штип (72г и 87г), и по едно починато лице од Струмица (54г), Гевгелија (50г), Кочани (64г), Радовиш (62г), Охрид (77г) и Делчево (72г).

ЈАНЧЕВ ДОБИ ПОДДРШКА ОД ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги објави кандидатите на нивната коалиција за уште десет општини, односно за Ресен, Крушево, Делчево, Василево, Дебарца, Ново Село, Ранковце, Зрновци, Кратово…

Она што јавноста најмногу го очекуваше, е потврдата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на Митко Јанчев, актуелен градоначалник на Кавадарци, кој имаше недоразбирања со партијата, но сепак реши да ја побара нејзината поддршка, а таа дурио денеска соопштува дека одлучила да му ја одобри. 

Еве со кои други ксандидати ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на претстојното изборно соочување. Во Ресен ќе се тркаат со Јован Тозиовски, во Крушево со Билјана Проеска, во Делчево со Николчо Стојменовски, во Ранковце со Борче Спасовски, во Ново Село со Ѓорѓе Божинов, во Василево Славе Андонов, во Дебарца со Саше Силјаноски, во Зрновци со Борчо Коцев, а во Кратово со Тодорчо Николовски од Социјалистичката партија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Оваа година има доволни количини на пиперки за ајвар, квалитетот е добар, но цената ќе биде повисока.

Пораснале платите, па така пораснал и расположливиот доход на домаќинствата и во пандемиската 2020 година, објави Народната банка. 

Ново акционерско сосбрание и нов избор на членови на Надзорниот одбор на Реплек. Во компанијата која годинава ја зафатија големи промени - и акционерски и во менаџментот од септември и нови луѓе ќе треба да ја контролираат работата на тие од Управниот одбор.

Станбените кредити за население се „бест бај“ продукт на банкарскиот пазар на кредитни пласмани во првата половина годинава! Статистиката покажува дека има „тепачка“ за станбени кредити затоа што нивната вредност во однос на лани пораснала за 15 отсто и надминала една милијарда евра!!!

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не било пречка за платите просечно да се зголемат за 17 отсто. Ова го покажува извештајот за финансиско работење на националниот преносител на електрична енергија за минатата година. Според податоците, за плати на вработените биле издвоени за 1,165 милиони евра повеќе во однос на една година претходно.

Партиите излегоа со своите фаворити со кои ќе „трчаат“ на претстојните избори за освојување на локалната власт. Некои веќе добро познати за јавноста, некои не толку, некои сосема нови и анонимни имиња.

Слично

Поврзани вести