Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕСМ контра Коларевиќ, велат за мазут ги повикале, а за штетата никогаш

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕСМ контра Коларевиќ, велат за мазут ги повикале, а за штетата никогаш

ЕСМ ИЗНЕСЕ СПРОТИВЕН СТАВ ОД ТОЈ НА КОЛАРЕВИЌ

АД ЕСМ најостро и во целост ги отфрла наводите изнесени во денешното соопштение на политичката партија Левица. 

- Станува збор за крајно невистинити, лажни и тенденциозни конструкции кои немаат допирна точка со реалноста, туку служат исклучиво за евтин политички маркетинг и манипулација со јавноста.

Најмногу зачудува фактот што Левица, во својата желба за собирање политички поени, си зема за право веќе да го затвори случајот кој сè уште е во тек. АД ЕСМ веднаш по објавувањето во медиумите на исходот од постапката во ОЈО ГОКК, формираше стручен правен тим кој интензивно работи на подготовка на Приговор до Вишо јавно обвинителство Скопје и барање за Контрола до Републичкото јавно обвинителство - се посочува во соопштението кое компанијата го испрати до медиумите. 

Притоа нагласуваат „Компанијата тврди и истото ќе го потенцира во Приговорот - дека постапувачката обвинителка паушално го спровела вештачењето на доказите од кривичната пријава и неосновано ги искривила исказите на инженерите пратени на барање на Обвинителството за да ги образложат од технички аспект механизмите на спроведување на спорната набавка, како изговор за прекин на постапката“. 

ЈАНЕВСКА НАЈАВИ ДЕКА РОДИТЕЛИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ КАЗНИ АКО НИВНОТО ДЕТЕ Е НАСИЛНО НА УЧИЛИШТЕ

Родителот ќе биде казнет со 250 евра за секое насилство сторено од детето, но и кога родителите ќе одбијат да соработуваат со училиштето - рече Јаневска.

Родителите на учениците кои ќе бидат инволвирани во насилство во училиштата ќе може да бидат казнети со 250 евра, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Ваквата мерка е предвидена со измените на Законот за основно образование, кои се подготвуваат по зачестените случаи на врсничко насилство што предизвикаа силни реакции во јавноста.

ТОШКОВСКИ ОДГОВОРИ КАКО ЌЕ ПОСТАПАТ ЗА ЛИЦАТА КОИ МАМЕЛЕ ЛУЃЕ ВО САД ИСКОРИСТУВАЈЌИ ГО ИМЕТО НА ТРАМП

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска изјави дека полицијата ќе постапи во рамките на своите надлежности доколку се преземат потребните процесни чекори во врска со информациите од ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а се наоѓаат во Македонија.

„Во овој момент не можам да споделам повеќе детали од она што излезе во рамките на медиумите. Во секој случај ние ќе постапиме во согласност со нашата надлежност доколку се преземат потребните процесни чекори што треба да се преземат од страна на државата што ја напоменавте и од страна на сите други органи. Така што во делот на МВР, она што е наша надлежност, секако дека ќе постапиме онака како што треба да постапиме“, рече Тошковски.

ПРИЈАВЕНО Е ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО И ВО ПРИЛЕП

Случај на врсничко насилство е регистриран во Прилеп. 

Ѓ.Р.(36) од Прилеп во четвртокот пријавил во ОВР Прилеп дека пред околу две недели соученици го нападнале неговото дете на час по физичко образование. Еден од врсниците настанот го снимал со телефон.

Неодамна во Ѓорче Петров имаше случај каде девојчиња малтретирале и снимале друго девојче. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Минималната плата во Македонија изнесува 26.046 денари и со неа во главниот град може да се плати кирија за двособен стан во населбите Аеродром, Кисела Вода или евентуално во Центар. Во Скопје изнајмувањето е поскапо, додека во внатрешноста на Македонија за таа сума има поголем избор.

Грчката компанија Протергиа Енерџи ја има најголемата добивка во 2025 како трговец со електрична енергија на слободниот пазар во Македонија за 2025. Од десетте најголеми добивки од овој сектор, само две им припаѓаат на домашни компании, а при тоа едната е во државна а другата во приватна сопственост.

Граѓани реагираат дека при регистрација на возило од нив се бара да достават мобилен телефонски број и електронска адреса, на кои потоа пристигнува код за верификација. Новата процедура отвори прашања кај дел од сопствениците на возила, особено кај повозрасните граѓани и кај лицата кои немаат сопствена електронска адреса.

Владата ќе се задолжи кај странски банки со нов заем „тежок“ 260 милиони евра, средства со кои ќе се покриваат буџетските потреби, а дел можеби ќе се користат и за капитални инвестиции. 

Слично

Поврзани вести