ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ескалираше протестот во Тетово, има повредени, но и приведени
ТЕПАЧКА ИМАШЕ НА ПРОТЕСТОТ ВО ТЕТОВО
Демонстрант во Тетово се обиде да нападне полицајци со бекатон-плочка, на протестот на кој се бараше правда за загинатите во пожарот во модуларната болница.
Вечерва на социјалните мрежи се појави ново видео од инцидентите.
Во инцидентот има 4 повредени полицајци, но има и 2 приведени.
Граѓаните на Тетово денеска протестираа поради пожарот во модуларната болница и се упатија во седиштето на ДУИ во Мала Речица, при што се степаа со полицијата која го обезбедуваше објектот. Претходно со јајца ја гаѓаа зградата на Општина Тетово.ОД ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ БАРА ПОТВРДА ЗА ПРИМЕНИ ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во Институот за јавно здравје се прави детална анализа која се однесува на бројот на новозаразени со ковид, возрасните групи, како и опфатот на вакцинација по градови. Од податоците од оваа анализа, како што истакна министерот Филипче, ќе зависи какви мерки ќе се предлагаат во наредниот период.
-Станува збор за битна анализа која ќе биде еден од индикаторите за тоа какви мерки евентуално дополнително био предложиле. Сакам да потенцирам дека една од мерките што сигурно ќе се препорача, но секако ќе оставиме и доволно време да помине, две или три недели, а тоа е потврдата која сега мора да се приложи за влез во молови угостутелски објекти и на други места за примена барем една доза вакцина, тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани граѓани. Ова најверојатно ќе биде препорачано во октомври, истакна министерот Филипче.
Освен тоа, тој на прес конференцијата истакна и дека засега не се размислува за воведување мерка задолжителна вакцинација, иако во некои земји во светот тоа се спроведува.УШТЕ 29 ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОВИД
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај
на КОВИД-19:
Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4, Неготино – 3, Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2, Пробиштип и Богданци – по 1.
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од: Скопје – 201, Тетово – 39, Гостивар – 37, Куманово – 33, Струмица – 25, Штип и Кичево – по 18, Прилеп и Дебар – по 16, Кавадарци – 15, Свети Николе – 13, Велес – 12, Кратово – 10, Битола – 9, Радовиш и Берово – по 8, Кочани – 6, Виница и Крива Паланка – 4, Ресен, Валандово и Пробиштип – по 3, Гевгелија и Неготино – по 2, Делчево и Богданци – по 1.
Пријавени се 29 починати лица: 13 починати лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 починати лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 починати лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г).ЧИТАЈТЕ УШТЕ
По прележување на коронавирусот, многу луѓе се борат со депресија, панички напади, анксиозност.
