Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: EП им забележа на бугарските политичари за провокациите, реагираа од партијата на Каракачанов

ФАКТОР НА ДЕНОТ: EП им забележа на бугарските политичари за провокациите, реагираа од партијата на Каракачанов

ЕП РЕАГИРА НА ПРОВОКАЦИИТЕ ОД БУГАРИЈА

Провокативни изјави за историските прашања со земјава давале претставниците на бугарската Влада. 

Тоа стои во Годишниот извештај на Европскиот парламент за Северна Македонија.

Бугарската информативма агенција, БГНЕС, пишува.

„Вчера, во последен момент, групите на Зелените и социјалистите во ЕП доставија предлози за измени и дополнувања на извештајот со крајно неизбалансирана, еднострана и нефер содржина кон Бугарија. Во нив, претставниците на бугарската влада беа обвинети за „провокативни изјави за историски прашања“ што ја засегаа РС Македонија и ги повикаа бугарските власти да се воздржат од такви изјави „и покрај тековната изборна кампања во Бугарија“, се вели во текстот на БГНЕС. 

Според оваа бугарска новинска Агенција, „текстот, нарачан од скопските власти, оди дотаму што го поздравува „зрелиот и избалансиран одговор на овие провокации од страна на македонските власти на РС“.

Ако ВМРО-БНД не остане на власт, Македонија одново ќе биде предадена, вели заменик-претседателот на партијата, Ангел Џамбаски откако Европскиот парламент ги опомена бугарските политичари за провокациите кон Македонија. 

Откако Европскиот Парламент ги опомена бугарските министри да не претеруваат со провокативни изјави кон Македонија, тие се лути на ова укажување. Две партии застануваат против бугарските интереси на темата Македонија, реагираат од партијата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов. 

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева го покани привремениот амбасадор на Република Северна Македонија во Софија, Владимир Крастевски на разговор во Министерството за надворешни работи.

ДЕНЕС НАД 1.000 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1.056 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 590, Битола – 57, Прилеп - 42, Велес – 36, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Охрид – 30, Тетово – 28, Струмица – 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Струга и Кичево – по 16, Штип, Кочани, Гевгелија и Берово – по 13, Делчево – 9, Свети Николе – 8, Радовиш и Пробиштип – по 7, Кратово – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Валандово и Демир Капија – по 4, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Пехчево – 1.

Регистрирани се 727 оздравени пациенти од:

Скопје - 457, Прилеп – 58, Куманово – 27, Гевгелија – 26, Гостивар – 22, Тетово и Струмица – по 21, Велес – 17, Штип – 13, Битола и Кочани – по 12, Крива Паланка – 8, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Валандово – 4, Пробиштип – 3, Радовиш, Крушево и Пехчево – по 2, Свети Николе, Неготино, Делчево, Виница и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола – по 4, од Кавадарци – 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид.

МАКЕДОНСКИ НОВИНАРИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СРБИЈА

Дел од македонските новинари се вакцинираа во Врање.

Некои од нив објавија фотографии од чинот на вакцинирањето, како и потврди дека ја примиле првата доза на вакцината. 

„Примили смо вакцину“, напиша шеговито на фејсбук новинарот Јован Ѓорговски од Канал 5 телевизија. 

ГАРВАНЛИЕВ СЕПАК ЌЕ ОДИ НА ЕВРОСОНГ

МРТ одлучи пејачот Васил Гарванлиев да остане македонски претставник на Евросонг 2021. 

Комисијата за утврдување одговорност на 19 март одржала состанок по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео-спотот на  Гарванлиев. Притоа, е утврдено дека МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при апликацијата во ЕБУ.

Одлуката за избор на Гарванлиев за македонски претставник на Евросонг 2020 била по пат на интерна селекција, според моделот еден претставник/една песна, како резултат на препораките и сугестиите од дебатата организирана од МРТ, на која учествувале композитори, пејачи, новинари, автори итн.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Како што и најавија, опозиционерите од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа предлог за измнени и дополнувања на Законот за пратениците, со кој сите народни избраници би смееле да имаат само македонско државјанство и ниту едно друго, односно од некоја друга држава.

Компанијата „Нексан“ од Никшиќ на Миодраг Дака Давидовиќ стана сопственик на „Јелак Градба“ од Тетово наместо панамската оф-шор компанија Адастра на контроверзниот црногорски бизнисмен.

Седумдесетина од сто македонски компании оствариле добивика од околу 240 милиони евра милиони евра во текот на минатата година. 

Актуарот е баран стручен профил, а потребите на осигурителниот пазар се поголеми од сегашната понуда на актуари. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), по десет години пауза, распиша оглас за обука и полагање испит за актуари, кој е активен до петок и е достапен на веб страницата на АСО на следниот линк.

Ова е период на третиот бран на Ковид-19, а како што пред неколку месеци прогнозираше и Светската здравствена организација, навистина станува збор за период кој ќе биде исклучително тежок во насока на справувањето со болеста, особено поради постојаното зголемување на бројот на новодијагностицирани со вирусот и следствено на тоа, зголемениот број хоспитализации.

Слично

Поврзани вести