Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦАТА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА КОЧАНИ ОДАТ ВО КУЌЕН ПРИТВОР

Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор. 

„За 3 лица мерката ефективен ја замени со куќен притвор. За двајца од нив, поранешни градоначалници на Кочани, ОЈО Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да опстои мерката ефективен притвор“, велат од Обвинителството. 

Во куќен притвор одат Ратко Димитровски и Николчо Илиjев, како и поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска -Димоска.

НЕКОЛКУ ПАЦИЕНТИ СЕ ВРАТИЈА ОД СТРАНСТВО

Mинистерот за здравство, Арбен Таравари вели дека петмина пациенти од странство денеска се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба, но засега се стабилни. 

Бројот на повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваат надвор од земјата, денеска изнесува 113. Двајца пациенти, еден од Србија и една пациентка од Бугарија се вратиле вчера. 

Тие ќе бидат сместени во домашните клиники во првите 24 часа, како што е предвидено, под медицински надзор, а потоа ќе бидат пуштени на домашно лекување доколку не се утврди потреба од дополнителна хоспитализација.

ЈОВАН КОСТАДИНОВ ДОБИ СТИПЕНДИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со 19-годишниот херој Јован Костадинов oд Виница, кој спаси 20 лица од пожарот во дискотеката во Кочани.

Тој му подари стипендија во висина од 18 илјади денари за која кажа дека е од една општествена компанија.

„Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат. Јован не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се ближи муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, а верниците за овој ден купуваат или прават баклава. Во слаткарниците деновиве има многу нарачки. Велат дека работа има, народот купува баклава, а едно домаќинство за слатки троши и по неколку илјади денари.

Зголемени приходи, но речиси преполовена добивка. Чоколадите и вафлите не и донесоа убав вкус лани на домашната фабрика „Европа“, а од компанијата во своето образложение напишале дека главни причини за тоа се зголемените цени на струјата, гасот, суровините, но и зголемувањето на бруто платите.

Главниот извршен директор на „Тетекс“ (кој е и втор најголем акционер н.з) има менаџерски договор врз основа на кој поранешниот текстилен гигант му исплаќа награда во висина од 5% од остварената годишна добивка. За овие две години директорување Бобан Гоговски од „Тетекс“ доби награда од 133.000 евра

Се отвара патот за складирање ориз во стоковите резерви на државата, како што веќе беше најавено во изминатиов период. 

Со враќањето на првиот пациент лекуван во Србија, почнува процесот на постепено враќање на повредените во пожарот во Кочани, во зависност од нивната здравствена состојба и препораките на лекарите кои ги лекуваат во странство.

Слично

Поврзани вести