ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕК потсетува дека не направивме уставни измени, Mицкоски вели дека поради вештачки спорови стоиме во место
ЕК ВО ИЗВЕШТАЈОТ НАВЕДУВА ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ НАПРАВИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Нема конкретни чекори од Македонија во обврските потребни за продолжување на европскиот пат со вметнување на Бугарите во Уставот, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава. Во него децидно се истакнува дека ништо не е направено за да се донесат уставните измени, што е обврска од Договорот за добрососедство, а во него се наведува и исполнувањето на Договорот со Грција, но како што се прецизира треба да има добра волја од сите страни.
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ВЕШТАЧКИ СПОРОВИ МАКЕДОНИЈА СТОИ ВО МЕСТО
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека по две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки причини.
Тој говореше на денешниот Самит за проширувањето во Брисел, организиран од страна на телевизијата Еуроњуз.
Мицкоски потенцира дека земјава го почна патувањето кон ЕУ пред 25 години, кога го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со Унијата, стана кандидатка за членство во 2005 година, заедно со Хрватска, со која заедно го доби и првиот позитивен извештај за започнување на преговорите во 2009, но за жал денес е на истото место каде што беше и пред 25 години.МЕМОВ РЕТЕРИРА ЗА КРИТИКАТА УПАТЕНА КОН ВРЕДИ
Никола Мемов од ЗНАМ тврди дека вчера изнесениот став бил личен, а не партиски.
Откако вчера вечерта тврдеше дека ВРЕДИ го изиграле ВМРО-ДПМНЕ на изборите, денеска ретерира.
МЕЏИТИ СЕДНА ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО СТОЛЧЕ
Поранешниот градоначалник на Чаир, Иџет Меџити, ја презема старо новата функција од неговиот претходник, Висар Ганиу. Меџити ќе ја води општина Чаир во следните четири години.
„Денес ја прифатив функцијата градоначалник на Општина Чаир.
Од денес се враќам во мојата земја, меѓу мојот народ, со чест, понизност и длабока благодарност.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com
