ФАКТОР НА ДЕНОТ: Една година војна во Украина, Кина предлага како двете страни да дојдат до мир
ЕДНА ГОДИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА
Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников откри кои се плановите на Украина за бојното поле.
Вели дека украинските вооружени сили подготвуваат планови за истиснување на руските сили од Украина.
КИНА ПРЕДЛАГА МИРОВЕН ПЛАН
Русија сака да ги шири своите граници. На една година од почетокот на руската инвазија на Украина, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев говори за поместувањето на границите.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека Москва го цени кинескиот мировен план за Украина и дека Русија е подготвена да ги постигне целите на т.н. специјални доброволни операции „со политички и дипломатски средства“.ЛАЗАРОВ Е РАЗОЧАРАН ШТО НОВИНАРИТЕ НЕ ГО ПОБАРАЛЕ ЗА СТАВ
Не ми е одземен пасошот, ниту ми е забранет јавен настап, вели јутјуберот Стефан Лазаров по скандалот со новинарот Драган Павловиќ Латас.
Тој објасни дека деновиве не го барале новинари и затоа решил да се обрати преку јутјуб каналот.НАВРЕДИ ВО СОБРАНИЕТО
„Паднаа“ обвинувања дека премиерот Димитар Ковачевски навредил пратеничка за физичкиот изглед и таа бара извинување.
Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев тврди дека премиерот Димитар Ковачевски на собраниска седница од место го коментирал изгледот на пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
