Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Џо Бајден донесе декрет, ќе бидат ставени на црна листа оние кои работат против Охридскиот и Преспанскиот договор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Џо Бајден донесе декрет, ќе бидат ставени на црна листа оние кои работат против Охридскиот и Преспанскиот договор

ЏО БАЈДЕН ИЗДАДЕ ДЕКРЕТ ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Претседателот на САД Џо Бајден издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој ќе се стават на американската црна листа сите поединци кои работат против клучните договори во регионот.

Декретот им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои Вашингтон ќе процени дека работат на штета на клучните договори во регионот, вклучувајќи ги и Преспанскиот и Охридскиот договор.

„Извршна наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан“, гласи потпишаниот документ од страна на Бајден.

Задолжен за извршување ќе биде Министерството за финансии на САД во консултација со Стејт Департментот. На црната листа ќе да се најде секој кој директно или индиректно ги нарушува мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на земјите од Западниот Балкан, како и секој кој директно или индиректно се впушта во акции или политики кои ги нарушуваат демократските процеси и институции во регионот. 

ЗАЕВ ГО ИСКОМЕНТИРА ДЕКРЕТОТ

Премиерот Зоран Заев објавениот Декрет на претседателот на САД, Џо Бајден, не го искоментира од аспект на корупција, но рече дека е наменет за сите поткопувачи, мрчатoри и блокатори на Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор.

- Можам да кажам дека Декретот е своевидна најголема потврда за вредностите за кои се залага Владата. Криминалот и корупцијата ги уништува демократските општества и затоа ова е сериозна порака за охрабрување и дополнителна мотивација. Тоа е патот по кој треба да се развива целиот демократски свет. Тоа е наедно и порака за блокатори, поткопуввачи и мрчатори. Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор се почитуваат многу во САД, тие дадоа помош за овие договори, искоментира Заев.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како што вели, на време се пријавува на американската црна листа, која ќе важи за сите поединци кои ќе рсаботат протов клучните договори во регионот, меѓу кои се и Преспанскиот и Охридскиот договор во земјава.

ДЕНЕС ИМА 28 ЗАРАЗЕНИ И 5 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19 од:

Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп - 1.

Регистрирани се 23 оздравени пациент од:

Скопје – 15, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Кочани – по 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица:  3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72).

Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Печурки, полжави, боровинки, шумски јагоди, капини, билки, собираат граѓаните во шумите, по што истите ги продаваат во откупните пунктови.

Имунизацијата против корона вирусот кај децата станува се поактуелна тема во светот, откако повеќе од 2 милијарди луѓе на глобално ниво се веќе вакцинирани против Ковид-19 и особено по студиите на Фајзер дека таа вакцина е ефикасна и безбедна и за оваа популација.

Развојната банка го одложи рокот за присилна наплата на бескаматните кредити одобрени во ковид-кризата

Големи загуби и изгубени приходи, затворени врати и празни кревети. Ова е заедничко за речиси сите хотели во 2020 година.  Короната кризата направи вистински пустош во оваа услужна гранка која е значајна за нашата економија. Од 27 хотелски компании кои лани направиле приходи поголеми од 50.000 евра дури 22 завршиле со загуба од работењето

МВР излезе со детали за страшната сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Скопје во близина на цементарницата УСЈЕ. 

Сите погледи деновиве се вперени кон енергетските компании, односно кон тоа колкава цена на струјата ќе плаќаме од почетокот на наредниот месец.

Слично

Поврзани вести