ФАКТОР НА ДЕНОТ: Џамбаски се поклони на Мара Бунева во Скопје и упати пораки со територијални претензии
АНГЕЛ ЏАМБАСКИ ОД СКОПЈЕ УПАТИ ПРОВОКАЦИИ
За бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој денеска дојде во Скопје по повод чествувањето на 95 години од смртта на Мара Бунева, македонските политичари се србомани.
Кажа дека не сакаат наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Македнија
„Тука присуствуваат Бугари од различни делови, организации, но заедно сме да кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари. Да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Браќа Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде српечен како да се чувствува“, рече тој.ПРИТВОР ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ НА КОИ ИМ ИЗБЕГА ЗАТВОРЕНИК
Полицајците на кои им избега затвореник завршија во притвор.
Судот им определи мерка притвор од осум дена на командирот и двајца затворски полицајци. За нив постои основано сомнение дека како службени лица, со умисла, преземајќи и непреземајќи дејствијата што биле должни да ги преземат му помогнале и му овозможиле на затвореникот Беким Мемети да избега од КПД „Идризово”. Обвинителството продолжува да ги истражува причините и мотивите.ИЗМЕНИ ЗА ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО
Со новите законски измени за породилното отсуство, 5 месеци ќе следуваат за мајката и по 4 месеци за двајцата родители.
Ново е тоа што право на 4 месеци отсуство ќе има и таткото кое ќе може да го користи заедно со мајката по истекот на првите 5 месеци или пак во било кој период додека детето не наполни 2 години. Исто така и таткото ќе има право на 15 дена платен одмор веднаш штом ќе добие дете и 20 дена ако добие повеќе деца одеднаш. Се предвидува мајките да имаат право на 2 часа пауза како и можности за флексибилно работно време или пак работење од далечина.УШТЕ ЕДЕН КРВАВ ДЕН ВО УКРАИНА
Антон Герашченко од Министерството за внатрешни работи на Украина објави видео во кое мајка од Днипро која најверојатно го изгубила својот син во рускиот напад, ги колне Русите.
„Што му направите на син м? Да страдате со поколенија, ве колнат мајчини созли“, рече жената.
Очајно прашува зошто го прават ова, зошто ги напаѓаат. Прашува зошто не се однесуваат како нормални луѓе. Жената ја колне цела Русија.Пронајдени се делови од ракета во Молдавија, пренесува молдавскиот сервис на РСЕ.
